10.8 C
Скопје
21:55 - 3 април, 2026

Легендарните „Deep purple“ имаат нова песна и спот: Преслушајте ја „Throw my bones“ (ВИДЕО)

Легендарниот британски рок состав „Deep purple“ го најавија својот 21. студиски албум наречен „Whoosh!“, кој на пазарот би требало да се најде на 12 јуни.

Албумот го најавија пред два дена и тоа со песна под назив „Throw my bones“, која е проследена со нов спот.

Албумот е во продукција на Боб Езрин, а песната поставува прашања за тоа во каква состојба се наоѓа општеството денеска, но и нашата планета.

Во спотот учествува астронаут, кој минува низ различни секојдневни сцени. Тој истовремено ги гледа убавините на природата, како и суровата реалност на градот низ кој се движи.

– Тоа е повик за сите нас да застанеме и да ја погледнеме пошироката слика, да дејствуваме и навистина да разгледаме во каква состојба се наоѓа нашата планета моментално“, стои во описот за оваа песна на бендот.

Погледнете го спотот и преслушајте ја песната, па сами проценете дали ви се допаѓа…

Слични објави

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.
Се вчитува....