20:17 - 3 ноември, 2026

Крадци упаднале во куќата на Бака Прасе: Ме ограбија, штетата е 250.000 евра

Во последно време Бака Прасе често успева да ги изненади своите следбеници со неочекувани вести, што беше случај и сега кога ја извести јавноста дека е ограбен.

Тој моментално престојува во Хрватска, од каде се огласи и ги шокираше своите фанови. Како што тврди, провалник влегол во куќата во која живее и однел работи вредни околу 250.000 евра, само ден пред да објави слика од парот во базен.

– Бев ограбен. Синоќа некој упадна во нашата куќа, ги одзеде сите работи од неа, меѓу кои беа и часовниците и парите што ги земав за снимањето на спотот за песната со Војаж – напиша Бака Прасе и додаде:

– Штета: Сите работи, дури и облеката и парфемите на луѓето кои беа со мене, моите ролекси, готовина, облека вредна околу 250.000 евра. Фала му на Бога што го убедивме Игор да не остане сам во куќата бидејќи можеше да биде повреден. Благодарност и до хрватската полиција што веднаш се одзва на повикот, се фати за работа и ги донесе форензичарите и ја спроведе истрагата. Се надевам дека наскоро ќе го најдеме виновникот.

Слични објави

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.
Се вчитува....