14:36 - 6 февруари, 2026

КОВИД И БРЕМЕНОСТ, НОВИТЕ СОЗНАНИЈА ОТКРИВААТ: Зошто е поопасен за невакцинираните бремени жени и нивните бебиња

Unsplash

Ковидот во бременоста е поопасен за невакцинираните жени, тврди новото истражување.

Вакцинирањето против Ковид за време на бременоста е од суштинско значење: секој што не го направил тоа, а се заразил со Ковид-19 ризикува по сопственото здравје и за здравјето на детето.

Невакцинирањето против Ковид за време на бременоста е ризик не само за нероденото дете, туку и за мајката, тврдат новите студии кои ги споредиле ризиците во бременоста за жени заразени со Ковид и здрави жени. Заклучокот е јасен – невакцинираните идни мајки кои се заразуваат со Ковид во текот на бременоста не само што се изложени на поголем ризик да се соочат со предвремено породување или да родат безживотно новороденче, туку и да мораат да бидат хоспитализирани или да завршат на интензивна нега , во споредба со бремени а вакцинирани жени.

ФЕТАЛНА СМРТ

Резултатите од анализата објавена во „Nature“ се однесуваат на десетици илјади Шкотланѓанки кои биле следени во текот на првата година од вакцинирањето. Покрај појавување на загрижувачка бројка на двоумење за вакцинација кај бремените жени (три од десет се вакцинирале во октомври 2021 година, во споредба со речиси осум од десет небремени жени на иста возраст), студијата открила поголем ризик за бремените жени заразени од Ковид и за нивните бебиња, односно од 620 мајки заразени 28 дена пред терминот на бременоста, четиринаесет (од кои ниту една вакцинирана) морале да се соочат со смрт на фетусот. Ризикот изнесува 22,5 случаи од 1.000, што е многу поголем од просекот од 5,6 случаи небремени жени од 1.000, регистриран во Шкотска од март 2020 до октомври 2021 година.

ПРЕДВРЕМЕНО ПОРОДУВАЊЕ

Иако е точно дека мајките кои се инфицираат со коронавирусот во последниот месец од бременоста, сепак, заразувањето со Ковид во кој било месец од бременоста ја зголемува веројатноста за предвремено раѓање на бебето. Шкотската анализа го нагласува ризикот од повеќе од 10% од заразените мајки да го родат своето дете пред терминот, и повеќе од 16% ако инфекцијата се случи во последните 28 дена од бременоста, во споредба со 8% од здравите жени анализирани од март 2020 до октомври 2021 година.

Не само здравјето на новороденчињата, туку и здравјето на невакцинираните мајки е изложено на ризик, потврдува новата студија, како што е веќе заклучено и во претходните студии: дури 91% од хоспитализираните мајки во текот на периодот на студијата се однесуваат на невакцинирани жени.

Слични објави

Мистерија: Што се случува со рацете на сопругот на Азис

Е.А.

Харис Џиновиќ „откачил“ колешка поради новата девојка: „Сè беше идеално, а потоа едноставно исчезна“

Е.А.

„Бледа сум, имам чувство на тежина во главата“: Данијела Димитровска ги загрижи сите со нова објава

Е.А.

Заработила 800.000 евра! Пејачката со македонско потекло направи хит што стана вирален на социјалните мрежи ширум светот

Еспресо

Јелена Карлеуша бесна на Теодора Џехверовиќ: „Девојко, ти можеш да постоиш само три месеци на сцената!“

Еспресо

„Со него сум 19 години, имаме две деца“: Скандалозна исповед на жена која тврди дека е во брак со партнерот на Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....