11.8 C
Скопје
16:26 - 21 април, 2026

Контроверзниот режисер Полански снима нов филм, се крена паника: „Педофил не може да биде добар човек“

Контроверзниот режисер Роман Полански моментално го снима новиот филм „Палата“ во Швајцарија, а сатнува збор за драма чие дејство се случува на новогодишната ноќ 1999 година во луксузен хотел.

Снимањето пред десет дена го потврди актерот Мики Рурк, кој беше ангажиран за снимање на филмот, а на Инстаграм напиша: „Крај на денот, уште еден. Големо задоволство е да се работи со легендарниот и талентиран Роман Полански. Да се ​​работи со таков режисер е голема привилегија бидејќи неговиот филм има таков интегритет, стил, возвишеност и непредвидливост. Швајцарија е прекрасна земја“.

Филмот беше најавен минатата година, но не се знае кој ќе се појави во него (освен Рурк). Она што многумина ги интересира е дали ќе се појави во Кан и кој ќе застане зад филмот.

„Промовираш педофил, престанувам да те следам“, „Педофилот не може да биде добар човек“, „Исусе, знаеш ли за неговото минато со малолетници? Бог да го благослови? И ти го губиш разумот“ и „Ако ти е толку драг, дај му да ги чува твоите ќерки“, се само некои од коментарите предизвикани од објавата на Рурк, па јасно е зошто многумина би можеле да одбијат да снимаат со Полански.

Како што е познато, Полански стана „персона нон грата“ откако беше уапсен во 1977 година и обвинет за дрогирање и силување на 13-годишно девојче. Иако се изјасни за виновен за да добие намалена казна, кога дознал дека судијата ќе ја отфрли неговата жалба и наместо условна казна ќе го осуди на затвор, тој побегнал во Париз и во САД се уште го сметаат за бегалец.

Иако Академијата го исклучи од членството во 2018 година, оскаровецот продолжи да работи во Европа, каде што освои многу награди, а неговиот филм „An Officer And A Spy“ освои три награди Цезар во Франција и четири награди на филмскиот фестивал во Венеција. Сепак, многу членови на француската академија Цезар дадоа оставки откако филмот беше номиниран во дури 12 категории.

Високобуџетната драма имаше европска дистрибуција и беше поддржана од многу европски компании, но ниту еден дистрибутер од Велика Британија и САД не го купи филмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MICKEY ROURKE (@mickey_rourke_)

Слични објави

Мисица почина на 31 година, никој не можеше да ја претскаже оваа трагедија

Еспресо

„Децата знаеја пред мене“: Харис Џиновиќ си ја отвори душата за разводот од Мелина

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и Рубин вљубени како тинејџери, споделија нов момент на среќа

Еспресо

Љубовта меѓу Тигар и Јеремиќ пред олтар? Тој ѝ испрати силна порака на Јована: „Бог нè спои“

Еспресо

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Е.А.

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо
Се вчитува....