12:07 - 9 април, 2026

Констракта високо котира на обложувалниците за Евровизија, Андреа и хрватската претставничка се „тркаат“

Српската претставничка за Евровизија е на шестото место меѓу фаворитите на втората полуфинална вечер на најголемото музичко натпреварување во Европа.

Ана Ѓуриќ Констракта, која ќе ја претставува Србија на Евровизија, го зазема високото 15-то место на обложувалниците, од вкупно 40 учесници.

Сепак, што се однесува до листата на фаворити за втората полуфинална вечер на Евровизија, на која ќе настапи, таа моментално е на 6-то место и има огромни шанси да се пласира во финалето на натпреварувањето.

Над српската песна на листата се претставниците на Шведска, Полска, Белгија, Австралија и Естонија.

Да потсетиме, Констракта ќе настапи под реден број три во Милано на 12 мај, а финалето се очекува на 14 мај.

А според гласовите од публиката, Констракта го зазеде високото 4то место. Врз основа на гласањето подобар резултат од Констракта може да очекуваат претставниците на Италија која е на првото место, Шведска која го зазеде третото место и Шпанија која е третопласирана.

Според кладилниците, претставничката на Македонија, Андреа, со песната Кругови, се наоѓа на 38.место од вкупно 40. натпреварувачи. Зад нас се претставниците на Словенија и Романија.

Ни претставничката на Хрватска не котира нешто подобро од нашата, Миа Димшиќ е на 32.место, што покажува дека тешко – освен ако не се случи некое чудо – двете со Андреа ќе се квалификуваат во финалето.

принтскрин

Слични објави

Неверојатно – вака изгледа Анастасија Ражнатовиќ без шминка 

E.A.

Анѓелка Прпиќ уживаат за сите пари – „Убави гулапчиња“

apostolova

Одев во полско веце и се капев надвор: Александар Динев искрено за сиромашното детство

Еспресо

Сања за болниот период – „Лекарите ми рекоа дека мајка ми се разболела пред татко ми…“

E.A.

Мистична и заводлива: Елена Ристеска со нова провокативна фотосесија

Еспресо

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо
Се вчитува....