3.8 C
Скопје
23:23 - 20 декември, 2024

Која е Џојселин Севиџ, eдна од жртвите на Ар Кели која тврди дека е свршена со него: „Мојот однос со Кели е фантастичен, многу сме вљубени!“

Во јуни, сексуалниот предатор Р. Кели (вистинското име му е Роберт Кели) беше осуден на 30 години затвор. Поранешниот ар-ен-би пејач во случајот се соочи со девет точки од обвинението вклучително и киднапирање, сексуална експлоатација на дете, обвиненија за поткуп и сексуална трговија..Иако мислевме дека тоа ќе биде последната вест за Кели барем за извесно време, тој повторно се најде на насловните страници. За време на судењето, една од неговите жртви, Џојселин Севиџ, откри некои изненадувачки информации за нивната врска кои сега излегуваат на виделина. И на изннадување на сите – не е баш онака како што мислевме!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joycelyn Savage (@joycelynsavage)

Џојселин Севиџ е една од наводните сексуални жртви на Р. Кели и во последно време тврди дека е негова девојка, поточно негова вереница.

Според правните документи до кои дојде ТМЗ, Џојселин, која има 26 години, писмено ја објавила нивната свршувачка за време на судењето на Кели. Во нејзината преписка со судијката Ен Донели, таа откри дека е девојка на Кели и го моли судот да му изрече пократка казна.

Во писмото не се споменува датумот, ниту се вклучени детали за нивната веридба, сепак, Џојселин зборуваше се најдобро  за Кели и тврдеше дека таа не е „жртва“ како што ја прикажуваат.

Џојселин исто така додаде: „Мојот однос со Роберт е фантастичен. Тоа е најдоброто нешто што ми се случило. Имаме многу посебна врска и сме длабоко вљубени. Сè уште го поддржувам Роберт до ден-денес бидејќи го сакам и секогаш ќе бидам тука да го поддржувам“.

Р. Кели и Џојселин Севиџ првпат се сретнале во 2015 година.

Р. Кели и Џојселин Севиџ се сретнале за прв пат во бутикот на родителите на Џојселин во Атланта во 2015 година. И брзо се вљубиле.

Како и Кели, Џојселин сака музика и била надежна пејачка. Всушност, родителите на Џојселин верувале дека тој се однесува како нејзин ментор и не знаеле дека нивната ќерка била во романтична врска со него. Џојселин започнала да живее со Кели кога имала само 19 години и почнала да се оддалечува од семејството.

Во 2017 година, Базфид Њуз објави бомбастичен напис во кој е опишан наводниот сексуален култ на Кели и како тој им го испрал мозокот на девојките за да се приклучат. Отприлика во исто време, родителите на Џојселин се огласиле со медиумите, бидејќи биле загрижени дека истото може да се случи и со нивната ќерка. Тие дури одржале прес-конференција и тврделе дека Кели ја држи Џојселин во заробеништво.

Но Џојселин ги отфрли тврдењата на нејзините родители. Таа одговори со снимено видео, наведувајќи дека е на „среќно место“ во врската со Кели. Сепак, ова не беше доволно за да ги убеди.

Живееле тројца заедно во врска

Бидејќи Џојселин била полнолетна, нејзините родители не можеле да ја однесат дома. Дополнително, според адвокатот на нејзиното семејство, Џералд Григс, тие всушност добиле смртни закани од поранешниот менаџер на пејачот, Хенри Џејмс Мејсон. Нејзиното семејство главно се повлекло поради овие закани.

Во меѓувреме, Џојселин ја продолжила својата романтична врска со Р. Кели. Во еден момент, тој дури ја делел Кели со друга жена по име Азриел Клари. Сите тие живееле заедно.

Во интервјуто со Гејл Кинг во 2019 година, Џојселин го бранела Кели заедно со Азриел додека разговарале за нивната единствена врска. Иако и двете жени не ги виделе своите семејства со години, тие инсистирале дека не се држени против нивна волја.

Дали Р. Кели и Џојселин Севиџ навистина се вериле?

Адвокатот Џералд Григс изјави за ТМЗ во јули дека семејството на Џојселин не било свесно за оваа врска и „силно се сомнева“ дека е вистина дека двајцата се вериле. Понатаму, Григс истакна дека е интересно како Џојселин не сведочела за тоа под заклетва, туку го вклучила во писмото доставено до судот. Можеби тоа било само обид за намалување на казната на Кели.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....