14:58 - 1 април, 2026

Која е Александра Грант, ТАИНСТВЕНАТА ДЕВОЈКА НА КИЈАНУ РИВС: Уметница со изглед и став на Хелен Мирен

Актуелна е веста дека популарниот глумец Кијану Ривс е „уловен“ од папараците во луксузна златарница како разгледува прстени. Оттогаш гласините не стивнуваат – Кијану Ривс е подготвен да се жени.

Но која е избраничката на неговото срце?

Се вика Александра Грант, ценета уметница е, а со Кијану Ривс во врска е долги години.

Познатиот актер е воздржан тип, па никогаш не го откривал својот приватен живот во јавноста. По неуспешните љубови и несреќи во минатото, сигурно е дека Кијану со Александра го најде своето спокојство.

И двајцата соработуваа извесно време, кога избувна љубовта пред неколку години: заедно работеа на „Ода на среќата“ и „Сенки“, двете книги напишани од Ривс, а со илустрации од Александра. Потоа заедно основаа – во 2016 година – издавачка куќа, наречена „X Artist’s Books“.

Љубовта на Ривс и Александра е родена и „израсната“ далеку од рефлекторите:

„Кога Александра ми рече дека Кијану Ривс е нејзино момче, останав запрепастена“, откри Џенифер Тили, блиска пријателка на Грант. „Тој е исклучителен тип, додава Тили, и двајцата се среќни што се пронајдоа, ниту еден од нив не страда од славната личност на другиот. Навистина, тие се поддржуваат еден со друг, и приватно и професионално“.

Познатата уметница се најде на насловните страници за нејзините прилично софистицирани и ексклузивни уметнички изложби во Соединетите Држави, но и за кампањата во корист на позитивноста кон телото. Самата таа гордо позираше со својата предвремено седа коса.

Живее и работи во Лонс Анџелес каде има и свое студио кое го носи нејзиното име.

Некои ја споредуваат со Хелен Мирен во убавината и ставот, а тоа неа ѝ ласка, сепак таа повеќе сака да ги гледа актерите на екранот или на филмското платно, отколку да биде во нивна директна близина. Киану Ривс е исклучок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandra Grant (@grantalexandra)

„ПУТИН се бори со РАК на тироидната жлезда!“: Руски истражувачки новинари носат докази!

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....