17:52 - 12 ноември, 2026

Кои се децата на Роналдо и Џорџина Родригез: ТРИ се родени од сурогат мајка

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез повторно станаа родители на мало девојче. Очекуваа близнаци, но машкото бебенце не успеало да преживее за време на породувањето. „Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го преживееме овој момент“, напиша фудбалскиот ас на својот Инстаграм профил објавувајќи ја смртта на ноороденчето, но истовремено објавувајќи дека се среќни за родената ќеркичка.

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез повторно станаа родители, а минатиот декември објавија дека очекуваат близнаци. Сега светскиот шампион има пет деца – првите три се од сурогат мајка, чиј идентитет никогаш не беше откриен. Четвртата – ќерка, пак, се роди од врската со поранешната аргентинска продавачка, сега негова сопруга Џорџина.

Португалскиот фудбалер отсекогаш имал силен инстинкт за татковство и сакал деца кога се уште не ја запознал жената на својот живот. Всушност, во моментов, Кристијано Роналдо е татко на пет деца.

Околу првите три деца, Кристијано Роналдо Јуниор роден во 2010 година, близнаците Ева и Матео од 2017 година, лебди мистерија бидејќи тие се родени од сурогат мајка. Идентитетот на жената отсекогаш остана таен и, всушност, никогаш не се знаело кој го започнал потомството на Роналдо. Дечињата сега имаат 12, односно 5 години.

По средбата со Џорџина Родригез во 2016 година и почетокот на нивната љубовна приказна, се роди малата Алана Мартина (во 2017 година). Таа е првата биолошка ќерка на шампионот, сестра на новодојдената ќеркичка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Слични објави

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо

Искуства на пациент од Клиника „Жан Митрев“: 15 години подоцна – животот е најголемото сведоштво

Еспресо

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....