17:52 - 12 ноември, 2026

(ВИДЕО) Љубовната приказна на Масимо Савиќ и Беби Дол, која интригира со години

Многумина не знаат дека Беби Дол и Масимо Савиќ беа омилен пар во Југославија во осумдесетите.
Беби Дол отсекогаш ја интригирала јавноста, а нејзината љубовна приказна со Масимо Савиќ, иако одамна завршена, секогаш побудува интерес кај јавноста.

Тие се запознале во авион, а Беби откри дека тогаш немала никакви симпатии кон Масимо.

-Само што се вратив од Египет и бев во авион кога ми предложија да се запознаам со Масимо Савиќ. Тој беше пристоен, се сеќавам дека тогаш имаше голем хит. Го погледнав и да не се навреди некој, но помислив дека е геј – вели пејачката.

Нивната романса започнала подоцна бидејќи Масимо бил многу упорен и еднаш дури ја пречекал Беби Дол на аеродром со цвеќиња.

-Тоа беше едно многу весело друштво од десетина луѓе. Секогаш имаше пари и не беше важно дали сум ги заработил јас, Беби, или некој трет. Живеевме на многу висока нога до војната. Живеевме интензивно, убаво, возбудливо, авантуристички. Тогаш не знаевме колку е добро тоа. И потоа се зезнавме. Престанавме да комуницираме, животите продолжуваат и тоа е тоа – изјави Масимо.

Тие двајца биле многу хармоничен пар, иако можеби е тешко да се поверува во тоа. Беби Дол често раскажува дека ја запознала неговата мајка и дека таа многу ја сакала.

На крајот сепак се разделиле, а причината никогаш не била целосно откриена, но она што го изјавија тие е во некоја мера апсурдно.

-Не можевме да се договориме каде ќе бидеме. Дали во Истра, Загреб или Белград – откри Беби Дол.

Таа подоцна се омажи за Алекса Тодоровиќ, додека Масимо се ожени со Ена Кондиќ и со неа ја има ќерката Мирна.

Слични објави

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо

Искуства на пациент од Клиника „Жан Митрев“: 15 години подоцна – животот е најголемото сведоштво

Еспресо

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....