8.8 C
Скопје
14:04 - 22 декември, 2024

Кои биле двете наставнички – хероини; пред Рамос да пука во 19 деца, тие застанале пред децата

Ирма Гарсија го употребила своето тело како штит за децата, била мајка на четири деца, а во 2019 година била прогласена за наставничка на годината. Ева Мирелес пак, има дипломирана ќерка и маж полицаец кој сега дел од тимот за истражување на масакрот. И двете наставички, заедно со децата, утре требало да го прослават крајот на училишната година и почетокот на летниот распуст.

Секој масакр има свои херои. Тоа е горчливата вест која речиси секогаш ги придружува американските масакри, особено ако се вршат, како што не ретко се случува, во училиштата или универзитетите. Во основното училиште Роб во Увалде, град на периферијата на Тексас, хероите, поточно хероините, се учителките. Двете наставнички од четврто одделение кои се жртвуваа во очајнички обид да ги заштитат своите ученици од вооруженото лудило на Салвадор Рамос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LATINO MIX 97.5 FM (@latinomix97.5)

Првата е 46-годишната Ирма Гарсија, која 23 години работи како учителка, со своето тело ги заштитила малите ученици – извести полицијата – и го платила со живот овој чин на храброст. Остави свои четири деца. Во 2019 година беше прогласена за учителка на годината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABC7 Eyewitness News (@abc7la)

„Мојата „Тиа“ не успеа, се жртвуваше заштитувајќи ги децата во своето одделение, ве молам да мислите на моето семејство кога се молите, Ирма Гарсија е нејзиното име и умре како херој.  Многумина ја сакаа и навистина ќе ни недостига“, пишува нејзиниот внук на социјалните мрежи.

Пријателката Лиза Г Салазар сподели фотографија од себе како се гушка со Гарсија на нејзината Фејсбук страница, предизвикувајќи експлозија од емоции кај натаженото семејство и пријателите. Друга, пријателката Даниел Бун, објави сочувство за Гарсија на Фејсбук, пишувајќи: „Нема зборови. Ирма Гарсија беше слатка, смешна и прекрасна душа. Срцето ме боли за нејзиното неверојатно семејство. Скрешно ми е срцето.  Господи, те молам биди со сите нив за време на овој кошмар.’

Убиството на Гарсија беше потврдено неколку часа по убиството на нејзината колешка. Другата учителка хероина е Ева Мирелес (44) која предавала во училиштето 17 години, а била во брак со полицаец и имала ќерка која одела во колеџ. Во кратката биографија објавена на веб-страницата на училишната област, таа напишала дека има „поддржувачко, забавно и љубезно семејство“ кое се состои од нејзиниот сопруг, нејзината дипломирана ќерка и „тројца крзнени пријатели“.

Во слободното време Мирелес уживала во трчање, пешачење, возење велосипед и уживање со семејството. Нејзиниот сопруг Рубен Руиз е полицаец од училишната област, од истото биро што го истражува масакрот, а неговите колеги го известиле за смртта на жена му. Пред само неколку дена тој учествуваше во училишна вежба симулирајќи напад на вооружен маж со деца кои лежат на земја преправајќи се дека се мртви или повредени.

„Мамо, ти си хероина. Постојано си велам дека не е вистина, само сакам да го слушнам твојот глас“, напиша ќерката на Миралес на социјалните мрежи. „Сакам да дојдеш дома кај мене, мамо, ми недостигаш на начин што зборовите не можат да го искажат“, додаде Адалин. „Не знам како ќе живеам без тебе, но ќе се грижам за тато секогаш ќе го повторувам твоето име за секогаш да се памети“.

Тетката на Мирелес, Лидија Мартинез Делгадо, прва го потврдила идентитетот на жртвата: „Никогаш не замислував дека ова може да му се случи на некој член на семејството“, изјавила таа.

Утре Гарсија и Мирелеш со своите ученици требаше да го прослават крајот на учебната година и почетокот на летниот распуст.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....