-2.2 C
Скопје
08:19 - 23 декември, 2024

Кога мора да ги фрлите велигденските јајца? СОВЕТИ ОД НУТРИЦИОНИСТКА :„Вапсаните јајца може да бидат опасни“

Велигденските јајца најдобро е да се јадат во рок од три до четири дена по варењето бидејќи дотогаш сигурно не се расипани, а потоа мора да се потпреме на сетилото за мирис. Во случај јајцата да се различни по мирис, изглед или текстура од вообичаеното, најдобро е да не ги консумирате. Јајцата чија луспа е оштетена најдобро е да се чуваат во фрижидер и да се јадат истиот ден.

Ова е советот на нутриционистката Мартина Линариќ за јутарњи.хр.

– Кога јајцата се чуваат во фрижидер, тогаш може да траат подолго бидејќи таму се на константна температура од 5 до 6 Целзиусови степени, додека собната температура е многу повисока, па затоа јајцата побрзо се расипуваат поради побрзиот развој на микроорганизмите. Според тоа, трикот за подолго траење на велигденските јајца би бил да ги чувате во фрижидер, но малкумина ја имаат оваа навика – коментира нутриционистката Линариќ.

Времетраењето на јајцата не зависи од нивната големина или од начинот на одгледување на живината, туку од тоа колку добро се термички обработени.

Дали обоените јајца воопшто може да се јадат зависи првенствено од тоа дали се обоени со вештачки бои или природни бои односно со луспа од кромид, со коприва, куркума или цвекло.

– Кога се користат вештачки бои, повеќето од нив продираат во лушпата на јајцето, па затоа не се препорачува да се консумираат поради хемикалиите кои стигнале до јајцето. Ако се користат природни бои, јајцето може да се конзумира без проблем бидејќи растенијата што се користат за боење и онака се јадливи – објаснува Мартина Линариќ. Општата препорака на нутриционистите е да се јадат најмногу 10 јајца во една недела, но времето околу Велигден, додава, можеби е исклучок.

– За тоа кратко време можеме да си дозволиме повеќе јајца без последици. Секако, под услов тоа да не е општа навика – тврди таа и објаснува дека препораката од 10 јајца неделно е иста и за мажите и за жените бидејќи и за двата пола границата на холестерол е иста.

Мартина Линариќ препорачува варените, велигденски јајца да се користат во салати.

– Сезоната на аспарагус моментално е во тек, па одлична опција е салата со исечени јајца и варен аспарагус. Јајцата се сечат на коцки или кругови, се додаваат аспарагус, маслиново масло, сол, бибер и оцет по желба. И тоа е тоа – таа го издвојува овој едноставен и вкусен начин на користење на вапсани јајца.

Генерално, свежите јајца најдобро се чуваат во фрижидер до истекот на рокот наведен на пакувањето, а понекогаш може да се користат и после тоа бидејќи тој датум зборува само кога производителот гарантира за нивниот квалитет. После тоа, објаснува Линариќ, јајцето може да се потопи во вода за да се провери дали сè уште може да се конзумира. Ако плови, значи дека е скршено. Ако падне до дното, сепак може да се јаде, но сепак е добро да се провери уште еднаш да не мириса поинаку од вообичаено, пренесува јутарњи.хр.

Слични објави

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо
Се вчитува....