13:48 - 19 декември, 2025

Кинескиот град Шенжен забрани јадење на кучиња и мачки!

Кинескиот град Шенжен забрани јадење на кучиња и мачки во склоп на пошироко сузбивање на пазарите со диви животни поради пандемијата од коронавирусот.

Научниците се сомневаат дека коронавирусот се пренел на луѓето од животни. Воочено е дека помеѓу првите заразени биле луѓето кои биле на пазарот со диви животни во средина на градот Вухан, каде се продавале лилјаци, змии, инсекти и други животни.

Болеста зарази повеќе од 935.000 луѓе ширум светот, а починаа преку 47.000 луѓе.

Забраната за јадење мачки и кучиња ќе започне на 1 мај.

Власта во јужното кинеско технолошко средиште воочила дека оваа забрана навистина ќе има позитивно влијание.

Unsplash/Zheng Xing

„Кучињата и мачките како домашни миленици воспоставија многу поблизок однос со луѓето отколку сите други животни, а забраната за да се јадат кучиња, мачки и други домашни миленици е вообичаена пракса во развиените земји и Хонг Конг и Тајван“, стои во соопштението објавено од гратските власти.

„Таа забрана е во склад и со барањето и духот на човечката цивилизација“.

Највисокото законодавно тело во Кино кон крајот на февруари забрани трговина и конзумирање на диви животни.

Покраинските и гратските власти ширум земјата настојуваат да ја спроведат наредбата, но Шенжен беше најконкретен во врска со проширувањето на забрата за кучиња и мачки.

Кучињата се јадат многу во некои делови од Азија.

Лиу Јианпинг, службено лице во центарот за превенција и контрола на болести во Шенжен, изјави дека живината, добитокот и морските плодови се достапни за потрошувачите.

„Нема докази кои би потврдиле дека дивите животни се похранливи од живината и добитокот“, цитираше Лиуа за државниот медиум Шенжен Дејли.

Unsplash/Markus Winkler

Според првобитниот предлог, Шенжен сакал да забрани и конзумирање на желки и жаби – две вообичаени јадења на југот на Кина.

Но, гратската управа оваа недела признала дека оваа точка била „контроверзно жариште“ и објаснила дека и двете можат да се јадат.

Гратската кампања за спречување на јадење диви животни доби пофалба од здружението за заштита на животни.

„Шенжен е првиот град во светот кој сериозно ја научи лекцијата од оваа пандемија и направи промени кои се потребни за да се избегне нова пандемија“, рекла Тереса М. Телецки, потпретседателка во одделот за диви животни во „Humane Society International“.

„Храбрите чекори на Шенжен за запирање на овој пазар и трошење на дивите животни, претставува модел кој треба да се следи“.

Слични објави

(Фото) Згодната Србинка на мета на критики поради ботоксот: Софија Мило нападната на социјалните мрежи!

Еспресо

Се колнеме во сѐ што ни е мило: Интимна приказна на Сузана Турунџиева

msp-admin

„Се онесвестив и ја удрив главата во мијалникот“: Сања Маринковиќ доживеала вистински кошмар пред големо патување

Еспресо

(Фото) Уникатна и секси на настап: Каролина Гочева во досега невидено издание

msp-admin

„Полошо е кога те изневерува со ист пол, верувајте ми“: Кија Коцкар за шокантни детали од бракот со Слоба Радановиќ

Еспресо

„Доживеа инфаркт и ми падна во раце“: Ова е најголемата трагедија во животот на Емина Јаховиќ

Еспресо
Се вчитува....