14:33 - 1 април, 2026

Киев: Белорусија лансираше ракети врз украински Чернихив

Од Белорусија беа лансирани проектили против украинскиот регион Чернихив, кој се наоѓа северозападно од Киев. Ова го соопшти украинската армија.

„Околу 5 часот наутро регионот Чернихив претрпе масовно бомбардирање. Дваесет проектили го гаѓаа селото Десна, лансирани од Белорусија (и исто така) од небото“, напиша на Фејсбук оперативната команда на украинските трупи, наведувајќи дека во моментот „нема жртви“.

Инаку, според совтникот на Зеленски 48 проектили од страна на Русија биле насочени кон цивилни цели во Украина во текот на ноќта.

„48 руски крстаречки ракети. Ноќе. Низ цела Украина. Исклучиво на цивилни цели. Русија сè уште се обидува да ја заплаши Украина, да предизвика паника и да ги натера луѓето да се плашат од чудовишните З. Украина знае сè и е подготвена на сè. И ќе казни за сето зло“, Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, напиша на Твитер.

 

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....