13:54 - 3 април, 2026

ЌЕ ОДАТ НА СВАДБА КАЈ БЕКАМ: ХАРИ и МЕГАН не дојдоа на поменот на Филип, ама се ПРВИ на листата за свадбата на Бруклин Бекам

меган маркл, принц хари

Хаи и Меган беа критикувани дека се единствените кралски членови кои не отпатуваа во Вестминстер на комеморацијата посветена на војводата од Единбург и што не покажаа почит на нивниот дедо, кој почина пред една година. Но, според британските таблоиди, Хари и Меган Маркл со ентузијазам ја прифатиле поканата за свадбата на годината, онаа на Бруклин Бекам.

Бруклин, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, ќе се ожени со Никола Пелц во Палм Бич, Флорида, во спектакуларната приморска вила на невестата во сабота на 9-ти април. А војводите од Сасекс кои се поканети како почесни гости, разликувајќи се од стотиците ВИП гости, ќе присуствуваат на свадбата и тоа „со големо задоволство“.

На Флорида, Сасексите ќе пристигнат со краток лет од Калифорнија, но Бакингемската палата не ја крие нивната иритација кога Хари во вторникот ја одби поканата за комеморацијата на принцот Филип, предизвикувајќи длабоко незадоволство на кралицата Елизабета.

Покрај тоа, Хари потврдил дека во следните неколку недели ќе биде во Холандија за следното издание на Игрите Инвиктус, игри за поранешни војници со посебни потреби што тој ги основал.

Кралицата Елизабета пак, ги покани во Лондон и би сакала да ѝ бидат во близина за прославата на платинскиот јубилеј, заедно со малите Арчи и Лилибет (Лилибет се уште не се запознала лично со својата прабаба), ветувајќи дека на свечениот настан ќе му го додели на Хари престижниот јубилеен медал.

Во реалноста, не се знае дали воопшто ќе дојдат во Лондон: Хари не ги смета за соодветни безбедносните мерки што биле донесени за него и неговото семејство, а поради тоа ги тужеше британските власти. Дали ќе се премислите до јуни, останува да видиме.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....