18.8 C
Скопје
15:58 - 11 март, 2026

КАМИЛА КАБЕЛО остро реагира: „Доста со критики за моето тело!“, „Многу сум вознемирена!“

Пејачката во објава на Инстаграм зборуваше за тоа како се чувствува ранливо и вознемирено од постојаните коментари за нејзиното тело и колку ја нервираат фотографите кои не ѝ дозволуваат ниту да се опушти на плажа.

Да се ​​биде славна личност не е лесно кога станува збор за одржување на приватноста. Тоа добро го знае и Камила Кабелјо, интернационална поп ѕвезда, која секогаш кога сака да ужива во релаксирачки денови на плажа, но буквално ја бркаат папараците. И, секој пат, следуваат критики за нејзиното тело по објавените фотографии. Но, овој пат пејачката реши да одговори, а тоа го направи со долга објава на Инстаграм.

„Секогаш кога одам на плажа во Мајами тука се папараците. Штом ќе пристигнам папараците ме овековечуваат во бикини и секогаш се чувствувам многу ранливо и неподготвено. Носев мини бикини и не ми беше гајле како изгледам, а потоа ги погледнав фотографиите на Интернет и коментарите и се чувствував многу вознемирено“.

View this post on Instagram

A post shared by camila (@camila_cabello)

Ова, како што рече Кабелјо, многу влијае на нејзината самодоверба и на начинот на кој го гледа своето тело, зашто е премногу често предмет на критики и задевања од веб-корисниците, кои секогаш очекуваат совршено тело од суперѕвезда како неа, скулпторски извајано како телата што се појавуваат на социјалните мрежи, акои воопшто не одговараат на реалноста.

View this post on Instagram

A post shared by @nikkioh_presents

„Фотошоп, рестриктивни диети, прекумерно вежбање и избор на агли кои прават нашите тела да изгледаат поинаку отколку кога се појавуваат во нивната природна форма, кога длабоко вдишуваме, кога јадеме […]. Јас сум сингл жена во своите дваесетти, и сакам да се чувствувам добро. Денес облеков ново бикини, ставив сјај за усни и не јадев ништо тешко пред да одам на плажа, бидејќи знаев дека во основа тоа ќе биде фотосесија. Толку многу го вовлеков стомакот што ме болат стомачните, не дишев, едвај се насмеав и бев толку свесна каде се папараците што не можев да се опуштам“, објаснува ѕвездата.

Камила Кабелјо зборуваше за тоа како во денешното општество е широко распространета културата на совршенство, на беспрекорно тело, на фотошоп, на фотографии на социјалните мрежи полни со филтри. Толку многу што веќе не можеме да уживаме во момент на релаксација без да размислуваме како треба да изгледаме во очите на другите.

Слични објави

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin
Се вчитува....