06:51 - 14 ноември, 2026

(ВИДЕО) ИЗГУБИВ 152 КИЛОГРАМИ за децата да се гордеат со мене, а сега не можам да се погледнам во огледало!

28-годишната Американка уште од мала се борела со вишокот килограми и никогаш не успевала да ослабе. Кога почнала да чувствува психичка и физичка болка поради килограмите решила да го „стопи салото“.

-Изгубив 152 килограми за моите деца да се гордеат со мене, но сега мразам како ми изгледа телото, не можам да се гледам во огледало – вели Ана, која со губењето тежина драстично си го променила животот.

Кога спаѓате во категоријата „дебели“ слабеењето се смета за добра работа. Но, оваа мајка од Њу Џерси го мразела својот изглед откако ги изгубила вишокот килограми. Ана уште во младоста имала проблеми со дебелината.

-Од својата четврта година се бори со килограмите. Што и да направевме, кој доктор и да го посетевме, таа стануваше сè поголема и поголема. Тоа сите не фрустрираше – откри нејзината мајка.

Кога била најдебела таа чувствувала физичка и психичка болка, па решила да го изгуби вишокот килограми.

„На почетокот слабеењето беше бавно, ама пешачењето ми помогна да го забрзам“, вели Ана. Но кога конечно ја достигнала посакуваната тежина, се соочила со горчливата реалност бидејќи и останал голем вишок кожа.

– Се чувствувам грозно и го мразам своето тело. Сите можат да видат како ми се тресе кожата на рацете и бедрата. Кожата на стомакот ми виси, изгледа како месо за хамбургер. Изгубив 152 килограми за децата да се гордеат со мене, а сега не можам да се погледнам во огледало! – се пожалила тогаш Ана, која со вишокот кожа се чувствувала подеднакво лошо како и претходно со вишокот килограми.

Таа конечно го добила посакуваниот изглед кога го отстранила целиот вишок кожа, така што конечно до израз дошол вистинскиот степен на нејзиното слабеење.

-Целосно сум воодушевена од тоа како изгледа моето тело сега. Мајката е среќна што може да излезе и да се забавува со ќерка си и повеќе не се срами да носи костим за капење – истакнува таа.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....