14.8 C
Скопје
09:54 - 3 мај, 2024

Какви нови изненадување ќе донесат Хари и Меган во Лондон освен што ќе дојдат со камери; кралското семејство се плаши од нов медиумски циркус, еве зошто

Во кралското семејство нервите се многу напнати: што ќе прават војводите од Сасекс? Дали подготвуваат други изненадувања кои можат да ги засенат прославите за 70-годишнината од тронот на кралицата Елизабета?

Има причини за страв, по сензационалното телевизиско интервју со Опра Винфри, се може да се очекува од Хари и Меган. Особено од Меган. Но, како да ги контролираат кога ќе дојдат во Лондон? Никако. Проблемот е што службениците на судот можат само да ја контролираат официјалната програма: и затоа Хари и Меган се исклучени од појавувањето на балконот на Бакингемската палата на крајот од воената парада во четврток, додека тие ќе бидат присутни на мисата во Катедралата Св.Свети Павле во петокот наутро.

Но, одговорните за протоколот немаат никаква врска со какви било „неофицијални“ појави: како онаа, на пример, што Меган штотуку ја направи во Тексас, при посета на училиштето кадешто се случи масакр на деца.

Стравот главно се однесува на медиумскиот циркус кој чекор по чекор ги следи војводите од Сасекс. Познато е дека тие ќе пристигнат во придружба на екипа на Нетфликс, со која потпишаа профитабилен договор. А камерите што ќе ги следат будат особена загриженост.

„Телеграф“ откри дека на камерите за стриминг на гигантот им е одбиена официјалната акредитација: и затоа, ако се обидат да постават локации од кои ќе снимаат, ќе се случи нов скандал. А Хари и Меган не прават потег без ТВ екипите на Нетфликс: ги однесоа со себе на неодамнешните игри на „Инвиктус“ во Хаг, но пред се ги примија во нивната вила во Калифорнија за да снимат моменти кои се толкуваат како реално шоу, шоу.во стилот на Кардашијан.

Портпаролите на парот негираа дека тоа е така, но американските весници открија дека снимањето всушност трае со месеци. Извори блиски до Хари и Меган дадоа до знаење дека војводите од Сасекс ќе се држат до сценариото и ќе избегнуваат други појавувања надвор од програмата. Од друга страна, самата кралица веќе нуди маслиново гранче: дака да ги покани „на гости“ децата, секако заедно со родителите – Хари и Меган, за да си ги види внуците Арчи и Лилибет.

Досега кралицата никогаш не го видела малото девојче кое во сабота ќе наполни една година, а се шпекулира дека Хари и Меган ќе ја искористат оваа прилика – посетата на Лондон- и за да го крстат второто дете. А и самото тоа е надвор од контрола на организаторите.

Според Омид Скоби, неофицијалниот „портпарол“ на војводите од Сасекс, повторното зближување со кралицата би можело да оди дотаму што Хари и Меган би ножеле на крајот да се појават на  балконот на Бакингемската палата во недела. Накусо, ништо не може ни да се контролира, а за сега ни да се предвиди.

Слични објави

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо
Се вчитува....