4.8 C
Скопје
15:54 - 25 декември, 2024

Како се препороди голболот во Македонија: Од импровизација до меѓународен турнир!

На 17-ти април ќе се одржи првиот меѓународен пријателски турнир во голбол.

Кога видовме дека имаме тим сфативме дека треба да изгледаме посериозно, набавивме тренерки, патики, за сите деца и објавивме дека имаме голбол тим. Фото – приватна архива

Децата и младинците од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов -Скопје“ и два клуба од Солун се подготвуваат за турнир во гол. Играта со топка што тропа го враќа, по подолго време, спортот за слепи и слабовиди лица на овие простори.

– Сè започна со тоа што ова училиште има пријатели кои сакаат да помогнат. Идејата дојде од „Лајонс клуб Пантелејмон“ да ни донираат голбол голови. За жал, ние ги немавме тие, секогаш кога се играше се симулираше дали има или нема гол. Но сега е поинаку, кога топката ќе застане во мрежата и ќе означи погодок, посебно за учениците кои се со оштетен вид. Продолживме со набавка на топки, кои се специфични. Кога видовме дека имаме тим на некој начин, сфативме дека треба да изгледаме посериозно, набавивме тренерки, патики, за сите деца и објавивме дека имаме голбол тим – објаснува Боби Спасенцовски, директор на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ .

По покана од регионалните голбол тимови, членовите на македонскиот голбол тим од училиштето, Мите, Јетмир, Јована, Давид и Кико учествуваа на меѓународниот натпревар одржан во Сараево, Босна и Херцеговина.

– Следеше договор со училиште од Сараево каде што бевме поканети на меѓународен турнир, каде учествуваа повеќе екипи кои беа репрезентации. Се покажавме одлично, освоивме награда, а децата за прв пат почувствуваа како е да се натпреваруваат посериозно, на турнир каде конкуренцијата беше сериозна. Го прифативме предизвикот, иако бевме најмладата екипа која досега учествувала на претходните турнири – вели Дарко Костадиновски, наставник по физичко и здравствено образование.

На 17ти во спортскиот центар Кале ќе се одржи првиот меѓународен пријателски турнир во голбол помеѓу екипи од Скопје и Солун.

– Ваков турнир прв пат се организира во Македонија и имаме намера да прерасне во традиционален. Ќе има четири екипи, две од Грција, две од Македонија – вели директорот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“.

За правилата на игра во голбол малку се знае.

– Прво и основно правило е задолжително движење на топката по земја. Топката е потешка и звучна. Се игар на 9 метарски голови, кои се со висина од 1,20 метри. Теренот е вкупно 18 метри долг, поделен на две половини, а секоја половина има 3 зони. При изведување на ударите топката мора да падне во првите две зони, ако падне после втората зона тоа е пенал за спротивната екипа. Најважното правило мислам е, движењето на топката да е по земја, неможе како кошарката и фудбалот, топката да се исфрла во воздух. Натпреварот се игра 12 минути, дозволена е публика, но мора да бидат максимално тивки за да натпреварувачите ја слушнат топката. – објаснува Дарко.

Училишниот тим во кој своја улога имаат и д-р. Ламбе Крстески и специјалниот едукатор и рехабилитатор Климентина Ѓоршовска, е горд  што ја обнови спортската дисциплина голбол и на тој начин  го поттикна спортскиот дух кај  учениците. Идејата е во текот на наредните години турнирот во голбол да стане традиционален и меѓународен.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

Слични објави

Интервју со д-р Дејан Ставриќ, пионер на фако хирургијата во Македонија: Катарактата спаѓа во најуспешните и најбезбедни оперативни методи

Еспресо

(Видео) Вељко Ражнатовиќ на Копаоник со поранешната: Сè „пука“ од романтика, тој ја бакнува Богдана, таа го бакнува српскиот фудбалер

Еспресо

(Видео) Јосипа Лисац им го честита Божиќ на сите

Еспресо

„Ѓани ме изневери!“: Слаѓа призна дека му ја простила прељубата на фолкерот, ги откри сите детали

Еспресо

(Фото) Северина го украси домот за Божиќ: Лампионите се со ликот и името на синот Александар

Еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ го украси замокот со раскошна декорација: Празнична трпеза, богато накитена елка среде соба

Еспресо
Се вчитува....