0.8 C
Скопје
09:58 - 19 декември, 2024

КАКО ПОПАМЕТНО ДА ТРОШИТЕ СТРУЈА: Трикчиња што ќе ви ги сочуваат парите

Доколку се греете на струја, тогаш сосема сигурно е дека секоја зима ќе ја „мразите“ поради огромните сметки. Секако, главната причина е греењето.

(РЕЦЕПТ) ХРИСТОВ ЛЕБ: Креолска верзија на совршениот Божиќен колач

Првата препорака е да ги користите големи потрошувачи – ако можете – навечер (на пр. машина за миење садови / машина за перење), а иновативните машини веќе одамна ја имаат опцијата за „одложување на перењето“ односно за подесување на тајмингот.

Исто така, домашните апарати се означени – од „G“, што е најниска енергетска класа, до „А +++“, што се однесува на оние кои се еколошки на максимално ниво, а најмногу заштедуваат струја и вода.

Значи, важно е да ги читате етикетите кога купувате. На „прва рака“ можеби повеќе ќе го платите апаратот со ознаката “A+++“, ама значително ќе заштедите пари на долг рок. Во оваа категорија спаѓаат бојлерот, машината за перење/сушење алишта, машината за перење садови, како и фрижидерот, климата, телевизорот, грејното тело.

Порталот monopolybuysellrent.co.uk го урива митот за трошење струја кога апаратот останува вклучен, но апелира дека оваа практика го скратува векот на траење. Да кажеме, многумина никогаш не го вадат полначот од штекер, што е грешка. Се наведува дека секој вклучен полнач сепак користи струја, без разлика дали уредот е приклучен или не, иако потрошувачката на пари во тој случај е занемарлива.

Греењето, секако, игра голема улога во количината на енергија што се користи во вашиот дом, а тоа можете да го заклучите кога ќе дојде сметката за струја. Колку е повисока температурата, толку повеќе уредот е принуден да се загрее што е можно побрзо, за побрзо да се загрее и куќата.

Значи, во тој случај е попаметно ако, да кажеме, имате норвешки радијатори, да ги одберете оние на кои може да се прилагодува температурата и постепено да го прилагодувате загревањето на домот.

Можеби добра идеја се и проточните бојлери, а процесот е следен – кога ќе пуштите студена вода, таа достига во телото на бојлерот и го активира сензорот за притисок. Тоа значи дека ваквиот бојлер штеди потрошувачка на струја, за разлика од стандардниот бојлер кој троши струја постојано, за да ја одржи оптималалната температура на водата.

Кога пак, зборуваме за перење алишта, освен употребата на машината во текот на ноќта (за време на ефтина струја, после 22 часот), обидете се да ја перете облеката на пониска температура, кога тоа е можно.

Препорака е и да користите детергент дизајниран така што работи подобро на ниски температури, за да се постигнат најдобри резултати. Водете сметка и за тоа што го перете – се подразбира дека пешкирите и долната облека ги перете на висока температура, но во тој случај направете „компромис“ со другата облека.

Покрај тоа, не вклучувајте делумно наполнета машина. Ако не соберете доволно алишта во светла или темна нијанса, добро решение се марамчињата кои ја „фаќаат“ бојата. На тој начин може да ги соберете алиштата и одеднаш да ги пуштите на перење, наместо два пати.

Освен тоа, секогаш кога и да можете, избирајте пократки програми за перење.

Стигнуваме и до кујната. Односно до шпоретот и рерната, кои постојано се користат, како и до советот поврзан со фрижидерот кој веројатно многу ќе ви користи. Кога е во прашање готвењето не е реално да го избегнете користењето на електрична енергија, ниту пак тука многу да заштедите, но дефинитивно постојат начини да се намали потрошувачката на количина на струја.

(РЕЦЕПТ) ЧОКОЛАДНА САЛАМА: Од каде потекнува овој „ретро“десерт?

Обидете се да печете повеќе оброци одеднаш кога ја користите рерната – затоа постојат со причина повеќе полици. Рерната е уште еден голем корисник на енергија, па затоа подготвувањето на повеќе оброци истовремено, ја намалува употребата на енергија, а вие штедите и време и пари.

Потребно е многу енергија за загревање на рерната, особено кога постојано ја отворате за да ја проверите храната, затоа е подобро да го користите прозорчето за да видите како јадењето напредува. Ако варите кафе, ставете вода онолку колку што навистина ви треба, зашто тогаш и процесот на зовривање на водата е пократок.

Што подолго ја чекате водата да зоврие, толку повеќе трошите струја. А потоа, веројатно, фрлате барем една третина од водата.

Имајте предвид дека е важен и садот кој го користите за готвење. Препорака е да користите сад кој одговара на големината на оброкот кој го подготвувате.

Освен тоа, обидете се фрижидерот и замрзнувачот да ги отворате што поретко, односно нивната врата да биде што е покусо време отворена. Ако ја отворите вратата и го пуштите топлиот воздух во фрижидерот, односно во замрзнувачот, уредот ќе мора да користи повеќе енергија за повторно да се излади.

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Лазар Ристовски и неговата 39-годишна девојка: Аница објави убава вест, честитките се нижат

Еспресо

(Фото) Ги оставија тепачките настрана: Сергеј Трифуновиќ ужива во романтичната Венеција со саканата

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо
Се вчитува....