13:23 - 5 декември, 2025

Како ЏЕНИФЕР ГАРНЕР реагираше на веридбата на нејзиниот ПОРАНЕШЕН СОПРУГ БЕН АФЛЕК

Веста што се пренесе низ медиумите како молња, дека Бен Афлек после 20 години повторно ја запроси пејачката и актерка Џенифер Лопез, секако дека не ја одмина ниту неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

Иако по разводот јавно не коментираше ниту една врска на нејзиниот поранешен сопруг, американските таблоиди од сигурни извори дојдоа до реакцијата на Џенифер Гарнер за свршувачката на Бен Афлек и Џенифер Лопез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Garner-Afflecks (@garneraffleck)

„Џен е многу среќна за нив. Таа знае дека Џеј Ло има позитивно влијание врз Бен и дека покрај неа не размислува за старите навики и пороци“, тврдат извори блиски до актерката за UsWeekly.

Се чини дека Афлек е многу отворен во врска со новата романса со Лопез, и тоа речиси две децении откако ја раскинаа првата свршувачка, па со поранешната сопруга Џенифер Гарнер и нивните три заеднички деца разговарал за намерата повторно да ја запроси Лопез.

Очигледно добил поддршка од сите нив, како од поранешната сопруга со која е пријател со години, така и од 16-годишната ќерка Виолет, тригодишната Серафин и 10-годишниот син Семјуел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Garner-Afflecks (@garneraffleck)

Да потсетиме, заедно со синот Семјуел тој неодамна беше на доделување на музички награди во друштво на Ема Ентони, ќерката на Џенифер Лопез и Марк Ентони. Познатиот актер и латино дивата се верија пред неколку дена, а таа ги откри деталите од неочекуваното и романтично запросување.
Лопез и Афлек се верија и во 2002 година и планираа венчавка, а потоа во 2004 година ја раскинаа свршувачката со објаснување дека огромниот медиумски притисок оставил трага на нивната врска и љубовна романса.
И двајцата набрзо продолжија со други партнери. Бен се ожени со актерката Џенифер Гарнер во 2005 година, а нивниот брак почна да се распаѓа во 2014 година поради неговите проблеми со алкохолот, за конечно да се разведат во 2018 година.
Лопез пак беше во брак со Марк Ентони од 2004 до 2014 година, а во 2018 година излегуваше со поранешниот спортист Алекс Родригез. Тие беа верени, но ја раскинаа свршувачката поради неговото неверство.

Слични објави

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо
Се вчитува....