16.8 C
Скопје
14:21 - 15 октомври, 2026

„Јужен ветар 3“ ќе се снима во замокот на Драгана Мирковиќ! Милош Биковиќ пристигнува во Виена, ќе го видиме и синот на пејачката?

Снимањето на последниот дел од сагата „Јужен ветер“ се очекува да започне во текот на летото или есента оваа година во Виена, Австрија, а како што наведуваат српските медиуми, дел од акцијата ќе се снима во домот на српската пејачка Драгана Мирковиќ.

Филмот ќе го носи насловот „Južni vetar 3: Gas geben“, што во превод од германски значи „дај гас“, а една од локациите за снимање наводно ќе биде замокот и имотот на пејачката Драгана Мирковиќ.

Популарната пејачка и целото нејзино семејство со години ги поддржуваат авторите на оваа приказна на Милош Аврамовиќ, продуцентката Татјана Жежељ Гојковиќ, Милош Биковиќ и Миодраг Радоњиќ, а се очекува епизодна улога да му биде понудена и на нејзиниот син Марко Бијелиќ. Тешко е да се очекува дека и Драгана ќе се испроба како актерка, иако постоела и таква идеја. Во новиот дел нема Руси и Американци, туку приказната се сели во Виена.

Сценариото за третиот дел од филмот настанало по идеја на режисерот Милош Аврамовиќ, а го напишал Петар Михајловиќ.

– Би требало да заврши. Секоја приказна треба да има три чина. Мислам дека сега сме на почетокот на третиот чин и на крајот на тој проект. Мислам дека овие херои треба да се доведат до точка каде што заслужуваат да бидат по сите нивни погрешни избори – рекол неодамна популарниот српски актер Милош Биковиќ.

По тој повод кратко се огласил и режисерот на „Јужен ветар“, Милош Аврамовиќ кој кратко порачал:

– Не можам ништо да коментирам за продолжението на снимањето и за заплетот на филмот – кратко рекол тој.

 

Слични објави

„Ти си мојата најголема желба која ми се оствари“: Бојана Скендеровски со емотивна порака за роденденот на ќеркичката Искра

apostolova

Вечера за само 30 минути — запечени такоси со пилешко месо и кашкавал што ќе ги обожавате

К.С.

(Фото) Катарина Ивановска стана капетанка — македонската манекенка уживаше во едрење со саканиот и пријателите

К.С.

„Постоеше лек за мојот син, но не можевме да го добиеме во Македонија“: Ребека Јанковска за најтешката борба со болеста на Маркијан

apostolova

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.

„Сакаше да замине во манастир, не ѝ беше добро“: Пријателите ги откриваат деталите за последните години од животот на Слаѓана Тесла

Е.А.
Се вчитува....