3.8 C
Скопје
00:21 - 21 декември, 2024

„Јас не живеам никаде, живеам на турнеи!“, Русинката Рибакина го освои Вилмблдон под казахтанско знаме: Еве ја нејзината приказна

Елена Рибакина ги носи буквите КАЗ до нејзиното име за време на финалето на Вимблдон, но до пред четири години таа на истто место носеше други букви – РУС а, доколку беше така и сега, воопшто немаше да биде тука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yonex Tennis (@yonex_tennis)

Рибакина е родена во Москва и првично сакала да ја следи својата сестра во гимнастика и уметничко лизгање,  но на шестгодишна возраст нејзиниот татко, голем љубител на тенис, рекол дека треба да се занимава со спорт кој одговара на нејзината природна висина.

„Тоа отсекогаш беше игра за мене“, рече Рибакина во 2020 година.

„Дури и сега мислам дека тоа не е работа. Тоа отсекогаш била игра, сакам сè во тенисот “.

Но, тенисот е работа, а не секогаш добро платена. Во пониските нивоа, играчите често трчаат со загуба и се субвенционирани од родители, спонзори или национални федерации.

Кога Рибакина наполни 18 години, таа сè уште беше рангирана надвор од првите 500 во светот. Имаше повеќе од 20 Русинки рангирани над неа. Федерацијата не можеше да ја финасира,  а нејзиниот татко немаше доволно длабоки џебови за да ја финансира кариерата на неговата ќерка, па таа почна да истражува за стипендии на колеџ во САД.

„Имав околу 15 понуди“, додаде Рибакина.

„Татко ми навистина сакаше да заминам. Мислеше дека ако не одам на факултет, нема да го добијам истото образование дома. Благодарение на тенисот, можев да добијам подобро образование“.

Рибакина, сепак, сакаше да продолжи да игра со полно работно време.

„Федерацијата на Казахстан ми даде понуда и одлуката беше полесна“, рече таа.

„Го сменив моето државјанство во казахстанско затоа што тие веруваа во мене и се понудија. Не бев толку добра кога ми понудија. Така тие веруваа во мене и ми помагаат многу “.

Таа не е единствената која е привлечена кон Нур-Султан нудејќи услови од светска класа и финансиска поддршка навидум без дно: Јулија Путинцева, Александар Бублик и Михаил Кукушкин сите го претставуваат Казахстан, но тие се родени и ја претставуваа Русија за прв пат.

За Рибакина, која всушност сè уште живее и тренира во Москва, тоа беше непријатна линија на испрашување, бидејќи повеќето од другите играчи со руско потекло се забранети на овој турнир.

„Родена сум во Русија, но очигледно го претставувам Казахстан“, изјави Рибакина по пласманот во полуфиналето.

„Тоа е веќе долго патување за мене. Играв на Олимпијадата, пред Фед купот [за Казахстан]. Добив многу помош и поддршка. Ја чувствувам поддршката од народот и многу сум среќна што го претставувам Казахстан бидејќи мислам дека ќе донесам и некои резултати, кои се многу добри за спортот во Казахстан“.

Но, дали таа се чувствува руски или казахстански?

„Тешко прашање е само да кажам што точно чувствувам“, додаде таа.

Тогаш сите мислеа – можеби ќе биде уште понепријатно ако Рибакина го освои Вимблдон. Ако го стори тоа, ќе собере 2 милиони фунти како парична награда. И навистина се случи тоа, Рибакина го освои Вилмблдон!

Данокот на приход на тенисерот -победник генерално се плаќа во земјата на живеење, а не во земјата која ја претставува на турнирот.

Рибакина, сепак, избегнуваше да каже дека всушност сè уште е со седиште во Русија.

„Мислам дека најмногу престојувам на турнеи затоа што патувам секоја недела“, рече Рибакина.

„Мислам дека поголемиот дел од времето го поминувам на турнеја. Тренирам во Словачка помеѓу турнирите. На тренинг кампови сум во Дубаи. Значи, јас не живеам никаде“.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....