20:39 - 11 јули, 2026

Шивон Зилис е мајката на близнаците на Илон Маск, кој „прави сè за да го поттикне наталитетот“

Кога не оди поинаку, 51-годишниот Илон Маск ги презема работите во свои раце. Еден од најбогатите луѓе во светот и визионер на иднината е толку загрижен за опстанокот на човештвото што уште еднаш реши да придонесе за промената со свој пример.

За прв пат откако беше објавено дека во ноември во Остин, Тексас, добил близнаци со неговата менаџерка Шивон Зилис, кои во меѓувреме го добиле и неговото презиме, а името на нивната мајка беше внесено како едно од нивните средни имиња, се огласи и Илон Маск.

– Правам се што е во моја моќ да го поттикнам наталитетот. Запомнете ги моите зборови, експанзивната популациска политика насочена кон зголемување на бројот на жители во развиените земји е најголемиот предизвик со кој се соочува нашата цивилизација – рече Маск во интервју за порталот Page Six.

Тој во разговорот не ги откри имињата и полот на своите близнаци, кои се неговото деветто и десетто дете, и не ја коментираше врската со 36-годишната Шивон Зилис, кој е специјализирана за развој на вештачка интелигенција.

Родена е во канадскиот град Маркам во државата Онтарио, а во 2008 година дипломирала на Универзитетот Јеил со диплома по економија и филозофија. Кариерата ја започнала во компјутерскиот гигант IBM, но многу брзо се вклучила во старт-ап кој се занимавал со инвестиции во развој на вештачка интелигенција.

Пред седум години беше на листата на Форбс од 30 претприемачи помлади од 30 години, а денес е косопственик, директорка и консултант во неколку различни компании за вештачка интелигенција. Според инсајдерски информации, таа го запознала Илон Маск го запознала кога била поканета да се приклучи на неговиот непрофитен проект OpenAI.

Две години била вклучена во развојот на автопилот за Tesla, а од 2017 година е менаџер во невротехнолошката компанија Neuralink. Минатата година таа се преселила на имот чија вредност се проценува на четири милиони долари во тексашкиот град Остин, каде што се наведува дека живее и Илон Маск. Дотогаш живеела во Сан Франциско, а нејзината област на интерес, освен развојот на вештачката интелигенција, вклучува голф и хокеј. По објавата дека е мајка на близнаците на Илон Маск, сите нејзини профили на социјалните мрежи беа затворени.

Да потсетиме, Илон Маск има шест деца со поранешната сопруга Џастин Вилсон, а уште две со поранешната партнерка, музичарката Грајмс.

Слични објави

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ покажа како изгледа без шминка на прагот на осмата деценија: Воодушеви со природниот изглед

Еспресо

„Не ми се ни јави“: Лепа Лукиќ не крие дека е лута на Лепа Брена, ја обвини за едно нешто

Еспресо
Се вчитува....