16:29 - 2 април, 2026

Ја прогласија за „културна знаменитост“: Хитот на Рики Мартин по кој девојките и денеска „лудуваат“! (ВИДЕО)

Пејачот Рики Мартин стана препознатлив ширум светот со својот револуционерен хит „Livin’ la vida loca“, кој е објавен на денешен ден во 1999 година.

Песната претставуваше увертира за вистинска експлозија на латино поп музиката и ја олесна транзицијата преку која и други изведувачи од шпански почнаа да пејат на англиски јазик (Енрике Иглесијас, Марк Ентони, Шакира, Паулино Рубио).

Одличниот спот го прикажува згодниот Рики како пее за девојка која е суеверна и која живее „луд живот“.

Фото: Принтскрин

Поради големото воодушевување и позитивните реакции на обожавателите, синглот беше продаден во осум милиони примероци ширум светот, на тој начин станувајќи еден од најпродаваните на сите времиња.

Хитот „Livin’ la vida loca“ во тој период можевте да го слушнете на секој чекор. Критичарите песната ја прогласија за „културна знаменитост“.

Нумерата доби четири Греми номинации, а освои неколку MTV и награди на Билборд.

VH1 ја смести оваа песна на 28. позиција на листата од 100 најдобри песни од девесеттите години на минатиот век.

Фото: Принтскрин

„Livin’ la vida loca“ и до ден денеска остана најголем хит на Рики Мартин.

По објавувањето, таа се најде на првото место на листата на Билборд и таму се задржа во наредните пет седмици.

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....