8.8 C
Скопје
11:37 - 1 април, 2026

Италијанскиот милионер ја изненади својата 28 години помлада девојка со „бесна“ кола! (ФОТО)

Италијанскиот милионер и диџеј Џанлука Ваки (52), кого многумина го нарекуваат и „секси дедо“, веќе неколку месеци ужива во врската со младата манекенка Шерон Фонсека (24), а неодамна ѝ приреди и роденден од соништата.

Всушност, комплетното изненадување не ѝ го приредил тој прекрасен ден, туку оној вистинскиот роденденски подарок стигнал неколку дена подоцна. Се работи за скапоцениот автомобил „Range Rover“ специјално порачан за младата Шерон, на која Џанлука ѝ го подари после прошетката во Мајами.

„Кога слетав во Мајами, конечно имав можност на Шерон да ѝ го врачам роденденското изненадување… и сакав да го споделам овој момент со вас! Уживај, кралице моја, среќен роденден!“, напиша милионерот.

Шерон се расплакала од среќа кога го видела својот црн моќен роденденски подарок завиткан во црвена машна, а потоа веднаш го испробала.

Воедно, Џанлука веќе некое време е „смирен“, што алудира на тоа дека навистина се заљубил, со оглед на тоа дека порано ги „менуваше“ девојките скоро секој ден и објавуваше слики со различни згодни убавици.

Но, и покрај тоа што Шерон е млада и згодна, многумина коментираат дека девојките пред неа биле „бомбастични“, односно попривлечни.

Profimedia

На роденденот, тој започнал да ја изненадува уште од рано наутро, кого во креветот ѝ приредил роденденски појадок со бели рози, а потоа и роденденска забава исто така во романтичен стил. Со ова тој покажа дека е вистински романтичар – барем кога е заљубен до уши.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....