10.8 C
Скопје
12:07 - 30 март, 2026

Историска бројка на заболени од КОВИД во Кина: Повисока од врвот на првиот бран пред две години!

Unsplash

Во Кина вчера биле регистрирани околу 13.146 случаи на Ковид-19, што е највисока бројка од врвот на првиот бран пред повеќе од две години.

Ова го изјавиле локалните здравствени власти. Станува збор за „1.455 пациенти со симптоми“ и „11.691 асимптоматски“, додека „не се пријавени нови смртни случаи“, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија, при што многу заразната варијанта на Омикрон се шири во повеќе од десетина кинески провинции .

Речиси сите 25 милиони жители на Шангај, економската престолнина на Кина, се во карантин од саботата.

Во последните денови градот стана епицентар на новиот бран на контаминација поврзан со Омикрон. Неколку десетици милиони Кинези се исто така во изолација во североисточниот дел на земјата, колевката на автомобилската индустрија.

Кина, каде коронавирусот првпат беше откриен на крајот на 2019 година, е една од последните земји во светот што практикува политика „нулта ковид“ насочена кон спречување на појавата на нови случаи преку драконски „заклучувања“, масовни тестови, систематска изолација на заразените. луѓе и делумно затворање на границите, известува анса.

Слични објави

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо
Се вчитува....