5.8 C
Скопје
16:07 - 22 декември, 2024

(Фото) Иранската полиција нишани во лицата на демонстрантите: Слободата е поважна од светлината на очите

Најмалку 200 млади луѓе го загубиле окото или видот поради суровото задушување на протестите, а на социјалните мрежи сè побројните се објавите што го документираат таквото насилство, факти што се сметаат за злосторства против човештвото.

Инстаграм

Смртоносни и несмртоносни куршуми, солзавци, метални „птичји куршуми“, палки, иранските безбедносни сили користат најразлични средства за да се справат со демонстрантите, кои учествуваат на масовните антивладини протести, најчесто мирни, во последните месеци. До денес, повеќе од 500 луѓе ги загубија животите поради суровата репресија спроведена од ајатоласите, а најмалку 200 демонстранти, главно млади, со просечната возраст од околу 20 години, претрпеле сериозни повреди на очите откако биле застрелани со „птичји куршуми“ од Револуционерната гарда или милицијата Басиџ.

фото Инстаграм

Но, што се „птичјите куршуми“ (birdshots)? Кружни метали со големина што варира од 1,75 до 5,8 милиметри. Ефективниот опсег им е околу 45 метри. Ова оружје интензивно се користи на протестите, а им нанесува травматични повреди на очите на демонстрантите. Според „Њујорк тајмс“ и „Иран вајр“, кои ги испитуваа медицинските досиеја на некои од жртвите и се консултираа со лекари, пријавени се многубројни случаи на траума на очите, отсечени оптички нерви и оштетена мрежница, дела за кои адвокатите велат дека може да претставуваат злосторства против човештвото. Остана бескорисен апелот на Иранското здружение на офталмолози, кои ги предупредија надлежните органи за последиците од повредите предизвикани од „птичјите куршуми“ што најчесто се насочени кон лицето или гениталиите на демонстрантите.

Протестите во Иран, започнати по смртта на Махса Амини на 16 септември минатата година, која почина во болница во Техеран под сомнителни околности (поради тоа што погрешно носела хиџаб), сепак не стивнуваат. Протестантите на социјалните мрежи овие денови ги објавуваат сериозните повреди на окото или губењето на едното око, некогаш и двете, во зависност од случајот. Објавата од младата и убава девојка Газал Рањкеш, студентка по право од јужниот град Бандар Абас, привлече особено внимание. Таа објави фотографија од нејзиното убаво лице на Инстаграм пред и по повредата на окото. Рањкеш објасни дека на 15 ноември одела дома со својата мајка, кога полицаец од непосредна близина испукал метален куршум во нејзиното лице.

Газал Рањкеш, фото Инстаграм

„Имав многу убави очи, сите ми го кажуваа тоа. Последната слика што ја регистрираше моето десно око беше насмеано лице на маж додека пукаше во мене. Но, јас сум повеќе од ова“, напиша таа на својот Инстаграм профил до објавената тажна фотографија.

Многумина, од сите страни на светот, ѝ пишуваат на младата девојка во знак на солидарност и поддршка, нарекувајќи ја хероината на Иран.

„Преживеав и морам да живеам; затоа што имам приказна што сè уште не е завршена. Затоа што сè уште не сум го видела денот што мора да го видам“, пишува Газал.

Али Мохамади беше застрелан пред три недели во Хамадан, југоисточно од Техеран, област со мнозинско курдско население. „Слободата е поважна од светлината на очите“, напиша младиот активист Арин Бахтијари, кој ги објави настаните на денот кога Али беше повреден. Неговите пријатели го сметаат за „херој на Иран“, а пред два дена младото момче објави уште една своја фотографија објаснувајќи дека чувствува носталгија за левото око, сосема уништено само затоа што демонстрирал на улица.

Но, репресијата не поштедува никого, дури ни децата. Пет и полгодишната Бенита „мора да го гледа светот со едно око до крајот на животот“, изјави за „Иран Вајр“ близок роднина, кој сакал да остане анонимен. А потоа, целото семејство било под притисок од властите да не ја шират приказната за кутрото девојче што настрадало играјќи си на улица во близина на станбената зграда каде што живеат нејзините баба и дедо, и случајно се нашла меѓу демонстрантите и полицијата.

Петгодишната Бенита мора да го гледа светот со едно око до крајот на животот, фото Инстаграм

Според досегашните податоци од невладините организации за човекови права, репресијата предизвикала најмалку 5.000 повредени, 20.000 апсења и 500 жртви, од кои 70 се деца.
Цврстата контрола на Исламската Република врз протестот беше силно критикувана од западниот свет во последниве месеци, но ајатоласите се налутија на Европа и на САД, обвинувајќи ги за мешање во внатрешните работи на Иран. Техеран, пак, силно го оспори амандманот неодамна одобрен од Европскиот парламент, со кој се бара вклучување на Револуционерната гарда во списокот на организации што Европската Унија ги смета за терористички поради репресијата на протестите.

Сепак, и покрај ова, Техеран е убеден дека „непријателите се поразени и покрај нивните обиди да ги искористат неодамнешните немири во Иран за да ја дестабилизираат земјата“. Ова го изјави Али Фадави, заменик-командантот на иранската Револуционерна гарда. „Непријателите не престанаа да бидат непријателски настроени кон Исламската Република ниту еден ден во изминатите четириесет години“, додаде командантот, а пренесува „Ирна“. Во последните месеци Техеран редовно ги обвинуваше САД, Европа и Израел дека ги поддржуваат протестите за да ја ослабат големата земја од Блискиот Исток.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....