03:29 - 7 ноември, 2026

Идрис Елба обвинет од јавноста дека лаже за неговото заразување со коронавирусот!

Славниот Идрис Елба неодамна со обожавателите сподели дека неговиот резултат за коронавирусот е позитивен, а набргу се зарази и неговата сопруга Сабрина.

Актерот повеќе пати им се обрати на своите фанови преку Инстаграм и сподели со нив некои детали од неговата состојба, а сега се соочува со непријатни обвиенија – дека е потполно здрав и дека му е платено да лаже дека е заразен.

Profimedia

„Идеата на некои луѓе дека некој ми платил само за да кажам дека сум добил коронавирус е тотално с**ње. Тоа е огромна глупост, а луѓето ја шират како да е вистинска вест. Не постои никаква корист јас и Сабрина да седиме дома со денови и да зборуваме дека сме го добиле вирусот, доколку не сме. Воопшто не ја разбирам таа логика“, истакна актерот.

Profimedia

Тој се обрати и за коментарите како тоа богатите имаат поголема веројатност да бидат тестирани.

„Мислам дека дебатата за богатите и сиромашните луѓе и тоа кој добил тест, а кој не, не е здрава. Океј, добив тест, но добив и вирус, дали тоа ме прави привилегиран? Не го разбирам тоа. Ова не е филм. Јас сега не сум актер. Само сум човек кој според некаква случајност се наоѓа во очите на јавноста. Затоа сакам луѓето да разберат дека ова е навистина реална ситуација. Не се чувствувам привилегиран со тоа што сум тестиран и го имам вирусот“, заклучи Елба.

Profimedia

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....