12.8 C
Скопје
10:30 - 21 октомври, 2026

Хрватскиот претседател како Ердоган: „Треба да се спротивставиме на влезот на Шведска и Финска во НАТО“; Колку други земји ќе го следат нивниот пример?

Зоран Милановиќ поради чиста внатрешна политика се противи на приемот на Стокхолм и Хелсинки во Атлантската алијанса. Колку други земји ќе го следат неговиот и примерот на Ердоган?

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ се надева дека неговата земја ќе ја следи Турција во противењето на влезот на Шведска и Финска во НАТО. Милановиќ, откако стана претседател на државата (пред две години) често се наоѓаше во несогласување со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, од Хрватската социјалдемократска партија. Поводот на барањето на двете скандинавски земји за влез во Атлантската алијанса, стана уште еден повод за конфронтација меѓу двајцата политички лидери.

Она што Милановиќ го бара, пред хрватската влада да даде „за“ за влезот на Шведска и Финска во НАТО, е промена на изборниот закон на соседна Босна за да се олесни постигнувањето на лидерски позиции на босанските претставници со хрватско потекло, избрани во Парламентот на Сараево.

До крајот на јуни, кога ќе се одржи самитот на Атлантската алијанса во Мадрид, каде треба едногласно да се усвои евентуалниот влез на Шведска и Финска во НАТО, може да се појават нови приговори од другите земји-членки, и тоа повеќе за да се залечат старите „внатрешни“ прашања во земјите, отколку да се изразат било-какви искрени приговори за фактот дека Стокхолм и Хелсинки се приклучуваат на 30-те членки на Северноатлантскиот договор. На овој ризик се додава уште еден ризик: широкиот опсег на „уцени“ и „одмазда“ кои, во случај на конфликти меѓу земјите-членки, би можеле да се отворат.

Вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потврди своето „не“ за влезот на Шведска и Финска во НАТО, доколку двајцата кандидати не покажат соодветно внимание на турската чувствителност кон тероризмот: Анкара всушност постојано ги обвинуваше шведските и финските влади дека дале поддршка, помош и азил на членовите на ПКК, која се бори за правата на курдските малцинства во земјата.

Слични објави

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо

Хороскоп за 21 октомври: Партнерот се оддалечува од Раковите, а на Девиците им подготвува изненадување

Еспресо

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.
Се вчитува....