18:00 - 4 ноември, 2026

(Фото) Харис Џиновиќ е висок 192 см, а нема да поверувате колку е висока Мелина! И покрај тоа, таа нема проблем да носи вртоглаво високи потпетици

Разводот на српскиот пејач Харис Џиновиќ и 30 години помладата модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, сега Галиќ, ја изненади јавноста. Иако меѓу нив има голема разлика во години, дури 30 години, многумина мислеа дека се предодредени еден за друг.

Еден од најпознатите српски естрадни парови одлучи да ја прекине врската. Харис и Мелина Џиновиќ ја започнаа својата емотивна врска во 2002 година, кога дизајнерката била трета година на студии. Харис и Мелина во бракот добија две деца, синот Кан и ќерката Џина. Тие се венчаа 12 години подоцна, а по разводот Мелина се пресели да живее на Азурниот брег.

Откако беше објавено дека завршил бракот на Мелина и Харис, јавноста ја интересираше секој детаљ за поранешната двојка, особено колку е висока Мелина, која се врати на моминското презиме Галиќ. Имено, изгледот на Мелина привлекува внимание каде и да се појави. Иако некогаш се бореше со килограмите, таа успеа да ја усоврши својата фигура и сè што носи изгледа совршено на неа. Како модна дизајнерка знае да ги истакне атрибутите, па женствените фустани се нејзиниот најчест избор. Мелина обожава високи потпетици и ги носи речиси во секоја прилика. 

Харис е висок 192 сантиметри, додека Мелина е 10 сантиметри пониска (182 сантиметри), иако на фотографиите изгледа повисоко од својот поранешен сопруг поради високите потпетици, пренесува „Стори“.

 

Слични објави

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо
Се вчитува....