18:02 - 4 ноември, 2026

Дечкото на Милица Тодоровиќ се всели во нејзиниот стан: Мистериозниот Марио не се одвојува од пејачката

Милица Тодоровиќ ужива во љубовта со новото момче Марио, кој неодамна се вселил во нејзиниот стан во Нов Белград. Бизнисменот на Милица поради љубовта кон пејачката се преселил од Хрватска во Србија, а сега почнале да живеат заедно, пишуваат српските медиуми.

– Милица со години живее сама, а Марио кога се пресели живееше под кирија. Додуша, сега живее со Милица, но и понатаму го плаќа станот. Не знам зошто е тоа така, но тој сака да ја почитува пејачката, која е среќна во нејзиниот дом, па не инсистира да се всели. Не му е важно каде живеат, му е важно само да се заедно. Марио е луд по неа, а таа по него – вели изворот и додава:

– Се најдоа и ми се чини дека оваа врска на крајот ќе се претвори во нешто реално. Марио ги запознала сите нејзини блиски пријатели, како и колегите од забавната индустрија и тие биле воодушевени. Не се разделуваат, нон-стоп е со неа во нејзиниот стан. Единствено што не се појавуваат заедно во јавност затоа што сакаат да ја чуваат својата љубов во тајност – заклучил изворот за „Курир“.

Пејачката не сака да го претстави својот избраник во јавноста бидејќи веднаш ги покажала претходните партнери, а тоа се покажало како лош потег. Како што претходно објавија медиумите, Марио наводно вози скап автомобил бентли. Тој го живее животот максимлано и ужива во него. Тие се на иста возраст, а тој и Милица одлично се согласуваат, па сè повеќе се шушка дека наскоро ќе се слушаат и свадбени ѕвона.

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....