3.8 C
Скопје
02:05 - 8 март, 2026

Хари ќе присуствува на крунисувањето на Чарлс Трети, Меган Маркл ќе го слави роденденот на синот во САД: „Принцот ќе има многу краток престој во Лондон“

Принцот Хари ќе се појави на крунисувањето на Чарлс Трети без Меган Маркл. Ова го пренесува Дејли Мејл повикувајќи се на Бакингемската палата.

Бакингемската палата потврди дека војводата од Сасекс ќе присуствува на службата за крунисувањето на кралот Чарлс Трети во Вестминстерската опатија на 6-ти мај. Војвотката од Сасекс ќе остане во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет“, се вели во соопштението.

Забележано е дека принцот Хари ќе пристигне сам од САД во Велика Британија, а Меган Маркл ќе ја пропушти церемонијата. На крунисувањето нема да се појават ниту децата на војводата и војвотката од Сасекс.

„Меган Маркл ќе го пропушти крунисувањето на Чарлс Трети на 6 мај поради роденденот на нејзиниот син Арчи Харисон“, објасни пријател и биограф на војводите од Сасекс, Омид Скоби за англискиот весник The Sun.

Тој додаде дека принцот Хари, најверојатно, нема да остане долго време во Велика Британија.

„Очекувам дека ќе биде многу брзо патување за принцот Хари во Велика Британија и тој ќе присуствува само на церемонијата во Вестминстерската опатија“, објасни Омид Скоби.

Потсетуваме дека на настанот ќе учествуваат и петте внуци на Камила, петнаесетгодишните Лола и Елиза, како и тринаесетгодишните Фреди, Луис и Гас.

Слични објави

(Фото) Тигар и Јована Јеремиќ се свршија: Водителката го покажа дијамантскиот прстен

Еспресо

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....