16.8 C
Скопје
16:01 - 10 март, 2026

ХАРИ И МЕГАН дале ветување: Нови детали за средбата со кралицата Елизабета

Англиските медиуми се повеќе пишуваат за ненадејната и тајна посета на Хари и Меган на кралицата Елизабета и откриваат нови детали од тајната средба. 

Имено, војводите од Сасекс пред да заминат за Холандија каде беа специјални гости на настанот Инвиктус, се сретнале со кралицата, во етвртокот, но на средбата биле и принцот Чарлс и Камила.

Средбата траела само 15 минути, но тие ѝ ветиле на кралицата дека повторно ќе организираат таен состанок за да може таа повеќе време да помине со нејзината внука Лилибет Дијана и убаво да се запознаат.

Иако средбата била кратка, сепак, според англиските медиуми дала очекувани резултати.

„Хари и Меган, всушност, заминале со ветување дека наскоро ќе се вратат во Англија. И ветиле на кралицата Елизабета ново тајно патување за да ги донесат нивните  деца Арчи и Лилибет Дијана“, пишува „експрес“, додека извор за Мирор, близок до парот Сасекс, рече:

„И војводата и војвотката се многу свесни дека кралицата старее и дека има здравствени проблеми поврзани со нејзината возраст. Тие јасно ставија до знаење дека дефинитивно планираат да се вратат да ја видат кралицата со своето семејство во блиска иднина“.

Во меѓувреме, парот веќе го направи своето прво појавување на Invictus Games. Овие игри значат многу за принцот Хари, кој ги основаше во обид да помогне во рехабилитацијата на повредените или болните воени ветерани ширум светот, обезбедувајќи им настан налик на параолимпијада.

Овој пат, на настанот со нив присуствувала и екипа од „Нетфликс“, продукциска комапнија со која Хари и Меган потпишаа повеќемилионски договор.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо
Се вчитува....