23:56 - 7 ноември, 2026

Голема трагедија во семејството: Роналдо и Џорџина го изгубија бебето

Еден од најголемите фудбалери во историјата доживеа голема трагедија. Неговата партнерка Џорџина Родригез носеше близнаци, син и ќерка, но при породувањето дошло до компликации и момчето не преживеало.

„Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка која секој родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа“, пишува во заедничката изјава на Џорџина и Роналдо, која ја објавија преку нивните профили на Инстаграм.

„Им благодариме на лекарите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка. Ние сме скршени од болка и бараме приватност во ова тешко време. Наше момче, ти си нашиот ангел. Ќе те сакаме засекогаш“, се трогателните зборови на Роналдо и Џорџина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....