29 C
Скопје
12:51 - 16 јуни, 2026

ГО ЗАМЕНИЛЕ ГРАДОТ ЗА ЗДРАВА ОКОЛИНА: Кај семејство Василевски на органски јајца – од природа на трпеза

Наша Фарма е традиционално организирана фарма за органско, еколошко, здраво производство на кокошкини јајца. Се наоѓа во Ново Село спорти селото Бардовци во близина на Лепенец. Фармата е во сопственост на Жарко Василевски кој, како што вели, пред четири години одлучил градскиот живот да го замени со чиста околина.

фото – приватна архива

– Здравите и еколошки јајца се дел од храната која сè повеќе недостасува на трпезата. Како идеја се роди пред 4 години, да биде една мала семејна фарма, во која што передност има производството на еколошки/органски јајца. Прво беше наменета за сопствени потреби, за моето семејство – започнува Жарко.

Фармата е царство во кое владеат исклучиво законите на природата. Таа е отворена за посета со цел посетителите да го запознаат начинот на кој се добива чистата и здрава храна. Традиционално организирано производство, без употреба на никакви хемикалии, хормони ниту концентрати. Освен пченка, пченица и јачмен, кокошките јадат трева, инсекти, овошје, зеленчук, се она што природата го нуди во свјата околина.

– Наша фарма ја дефинираме како традиционална фарма, нема ништо посебно, само неколку обично направени живеалишта за кокошките, каде тие си живеат слободно, релаксирано, пуштени се на еден голем плац каде што се шетаат слободно, јадат од она што го нуди природата. Ова е вистинската храна. Ги има сите витамини, минерали, а индустриските се збир на спакувани материи. На фармата освен кокошки има и шатки, дукатки, мисирки, фазани, препелици…. чии јајца исто така се продаваат – раскажува Жарко.

Овде се произведува здрава храна, произведена во хармонија со природата, каде производителот ја почитува животната средина, благосостојбата на животните и човековото здравје.

Храна со „мал број километри“, помал транспорт, помалку пакување и без употреба на заштитни средства, што значи и помалку загадување на животната средина. Искрено, ова не е бизнис кој може да го развиете за неколку месеци или една година. И никако не смеете да бидете несреќни од тоа што го работите. Оние кој сакаат да отворат своја фарма, пред се мора да ги сакаат природата и животни и да бидат фер и искрени кон сите. На тој начин ќе успеат да создадат не само вистинска храна, туку и задоволни муштерии и вистинска вредност – порачува Василевски.

Семејството Василевски е гордо на органското, традиционално и еколошко производство кое според него има огромни потенцијали за развој во државата. Производите се пласираат лично, на рака и нема доволно за сите заинтересирани, па за тоа редицата за чекање е секогаш голема. Фармата е отворена за посета посебно за викенд кога многумина доаѓаат со своите семејства за да бидат малку во природа и да видат како се произведуваат органски јајца.

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТО ГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Астропрогноза за лето 2026: Еден знак ќе ја пронајде љубовта, а друг ќе си го смени животот од корен

Т.Ц.

Српскиот „Дон Жуан“ на 46 години се ожени во тајност и доби дете

Еспресо

Ема Радујко заврши на суд – колега тврди дека му должи 4.500 евра

Еспресо

Денес воодушевува со својот вокал, но малкумина знаат дека Теа порано работела како автомеханичарка

Т.Ц.

„Мојот сопруг не е Супермен!“: српската инфлуенсерка која е во брак со голманот на Курасао остро им се обрати на „хејтерите“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ ќе стане баба! Најпознатата „лото девојка“ во регионот не ја крие среќата: „Пресреќна сум!“

Еспресо
Се вчитува....