17:43 - 30 јануари, 2026

Сури Круз го прослави 16. роденден: Погледнете во каква убавица порасна ќерката на Том Круз што не ја видел со години

Сури Круз, ќерката на поранешната актерска двојка Кејти Холмс и Том Круз, го прослави својот 16-ти роденден.

Многумина нема да веруваат дека малото, слатко девојче веќе има толку години, бидејќи уште се сеќаваме на фотографиите на кои нејзиниот горд татко ја држи во раце и ја штити од папараците што ги следеа долго време. Потоа дојде крајот на љубовта на нејзините родители, а татко си, наводно, не го видела повеќе од половина живот.

Гласините велат дека Том Круз последен пат ја видел својата ќерка во живо во 2013 година.

Странските медиуми пренесуваат дека тој е многу посветен на децата што ги посвоил во бракот со Никол Кидман, но не и на Сури. Наводно забрането му е да ја гледа бидејќи таа не е член на скиентолошката црква. Актерот, кој е верен следбеник на ова учење, призна дека токму поради скиентологијата Кејти Холмс поднела барање за развод. Исто така, Никол Кидман нема никаков контакт со децата што ги посвоија со Круз затоа што тие и го свртеле грбот поради скиентологијата.
Долго време се зборуваше дека Холмс среде ноќ побегнала од Круз по шест години брак, но тие приказни никогаш не беа потврдени.

Во една прилика во 2017 година, Том избегна да ја види Сури, иако беше оддалечен од неа само 35 километри. Додека актерот не ја гледа својата ќерка, таа живее во Њујорк со мајка ѝ со која е многу блиска.

Многумина велат дека тој веќе не би ја ни препознал, а девојката се повеќе наликува на нејзината мајка.

Том Круз прв пат се сретнал со скиентологијата преку Фил Спиклер, таткото на неговата прва сопруга Мими Роџерс, кој бил високорангиран член на црквата. Скиентологијата верува дека луѓето се духовни суштества чии души живеат низ многу животи, а поранешната членка на црквата Саманта Доминго тврди дека актерот најверојатно верува дека Сури е „само“ суштество што ќе го види во некој друг живот.

„Црквата ја поддржува идејата дека децата се души во мало тело. Ако некое дете умре, тоа не им значи многу. Жената може да забремени и повторно да роди, а изгубената душа ќе се врати со ново тело“, изјави Доминго и додаде дека скиентолозите веруваат во реинкарнација, а со тоа Том Круз можеби чувствува дека Сури всушност не е негова ќерка, туку само духовно суштество во нејзиното тело.

Слични објави

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо
Се вчитува....