9.8 C
Скопје
14:44 - 31 март, 2026

(ФОТОГАЛЕРИЈА) МУЗИКА ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ И АКИ: Се разбира – секогаш ќе ги носиме во срцата! Овации од публиката

Со два концерти, заради големиот интерес и рекордна продажба на картите за само час и половина, вчера и завчера во Центарот за култура од Битола го одржа традиционалниот музички проект „Засекогаш во срцата“ кој веќе четврта година се прави во чест на Тоше, а годинава и со почит на неодамна починатиот фронтмен на Парни Ваљак, Аки Ракимовски кој летово токму во Битола го имаше еден од последните свои концерти со истиот оркестар.

Камерниот оркестар со кој диригира Владимир Димовски, придружуван од хорот на Државното музичко училиште од Битола, во кое учеше Тоше Проески на сцената маестрално ги следеа музичките ѕвезди кои прифатија да настапат на двата концерти.

На сцената застанаа Александра Јанева, Ламбе Алабаковски, Каролина Гочева, Виктор Апостоловски, Јана Бурчевска, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Нико Ѓоргиевски, Бојан Стојков…а публиката имаше можност да ужива во големите хитови на Тоше и Аки пеејќи ги во еден глас, во концертот кој траеше долги 100 минути, но публиката со долги аплаузи не се откажуваше од бисеви на самиот крај.

Концертите се во организација на Центарот за култура од Битола и како проект, веќе четврта година се во годишната програма поддржани од Министерството за култура.

 

 

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....