00:22 - 24 ноември, 2026

(Фото) Жешко издание на Џеј Ло – пејачката ги истакна совршените стомачни мускули

Џенифер Лопез објави серија фотографии од теретана на социјалните мрежи на кои позира во спортска облека.

56-годишната пејачка и актерка се пофали со извајаните стомачни мускули во бел краток топ, црн спортски градник, хеланки со низок струк и бели патики.

Покрај објавата таа упати кратка порака: „Стани и фати се за работа!“

На нејзиниот изглед реагираше и нејзината долгогодишна тренерка Трејси Андерсон, која кратко коментираше: „Какви стомачни мускули!!!“

 

Инаку, во 2023 година, Лопез ѝ ја додели на Трејси Андерсон наградата за извонредно достигнување во фитнесот.

– Трејси Андерсон се издвојува како оригинална авторка чии методи и посветеност на работата ја одржаа на самиот врв. Нема ништо лудо во нејзиниот метод, само 25 години посветеност на клиентите и здравјето- рекла пејачката во тоа време.

 

Пристапот до тренинг со 51-годишниот фитнес гуру, чии клиенти се и Оливија Вајлд, Гвинет Палтроу и Викторија Бекам, не е евтин. Според „Таун енд Кантри“, членарината за нејзините теретани е 1.500 долари (околу 1.300 евра), плус годишно ВИП членство.

Лопез, која работела и со тренерите Дод Ромеро и Дејвид Кирш, претходно ја споделила својата фитнес филозофија: „Целта е едноставна. Да бидеш подобар од вчера. Секој ден.“

Слични објави

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо

„Живеам на село и не ми е гајле за килограмите“: Индира Радиќ проговори за своето здравје и повлекувањето од сцената

Еспресо

(Фото+видео) Хрватската мис прошета на Мис Универзум во фустан направен од 200 старински миленца

Еспресо

„Ајде да ставиме крај и секој по својот пат“: Мустафа Сандал проговори за Емина Јаховиќ и разговорот што му го променил животот

Еспресо

„Имаме куќа и неколку станови“: Јована Јеремиќ и Тигaр открија каде ќе живеат по свадбата

Еспресо

(Видео) „Ми стоеја кнедли во грлото“: Бојана Скендеровски им посвети песна на децата без родителска грижа

Еспресо
Се вчитува....