7.8 C
Скопје
23:26 - 30 март, 2026

(Фото) Водителката Милена му испрати специјална порака на сопругот Гордан, со важен повод

ТВ водителката Милена Антовска- Станковска речиси осум години е во складен брак со Гордан Станковски и имаат две ќерки, Лана Марија и Јоана.

Милена не објавува семејни слики многу често, освен од летните одмори или кога има специјален повод, како овој сега. На својот сопруг, таа му го честиташе роденденот и објави заедничка слика под која напиша „Среќен роденден душо“.  Во едно интервју за „Слободен печат“, убавата водителка. ја откри нивната љубовна приказна.

„Со сопругот сме заедно осум години, си помагаме еден на друг околу сè колку можеме и ги делиме обврските колку што ни овозможуваат професиите. Нашето запознавање е одамна, а се знаевме од град, што би рекле. Почнавме комуникација и другото веќе натаму нè донесе до ова што сме денес“, раскажа Милена.

Таа ја води Утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонијо“, и е една од нашите најекспонирани ТВ лица, и најактуелна на социјалните мрежи. Уште од рано наутро, Милена е подготвена за фотографија или видео на кои е секогаш насмеана. Важи и за една од најубавите и најнегуваните жени во јавноста, а оние кои ја следат, ја немаат видено онаа нејзина друга, домашна страна.

„Дома сум по тренерки или пижами, хаха. Некогаш со Лана Марија заедно знаеме да се дотеруваме бидејќи сега е во таа фаза и интересно ѝ е да ме гледа како се подготвувам или шминкам“, рече Милена претходно за „Еспресо“.

„Како му е на Гордан дома со три женски од кои две Јарци во хороскоп, само тој си знае. Но, јас едно знам, дека татко и ќерка е посебна љубов“, додаде водителката.

 

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....