1.8 C
Скопје
22:40 - 21 декември, 2024

(ФОТО+ВИДЕО) РАЗГОВОР СО БИБИЧ, РАП АРТИСТКА: Опасно сум ретка ама убаво би било и некоја да ми се придружи!

Билјана Тасевска(31) или Бибич е редок проблесок на женска енергија на локалната рап сцена. Дебитираше на сцената пред три години и стои рамо до рамо со својата генерација. Рецитаторските вештини ги користи за да инспирира и подучи. За неа музиката поминува низ трансформации, преродби и циклуси, па затоа ја создава кога ќе „ѝ се позајми“.

Во разговорот со Бибич дознаваме која е духовната логика на создавање рап песна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bibbych ♌ (@bibbych)

Кој е твојот наратив? Како се појави инстинктот да рапуваш/рецитираш?

– Доаѓам од семејство кое не се согласуваше најдобро и рапот ми беше прибежиште. Во тие моменти никогаш не ни размислував да станам рап артист. Единствено ми беше важно колку сила ми даваше таа музика да станам и да се изборам уште еден ден со суровата реалност во која што живеам.

Немам минато како некои рапери кои уште од мали биле по групи, снимале, експериментирале. Мојот пат беше многу поразличен од други рап артисти. Правев други работи пред да почнам да снимам рап, но рапот секогаш беше тука.

„Рапот ме има избрано мене“ и така е. Ништо никогаш не сум направила под некој притисок туку, едноставно се вратив од Холандија, каде што живеев одреден период и еден дечко од Битола со некое продуцентско и диџејско искуство од нигде никаде од што гледал објави на „Инстаграм“ каде што рецитирам некои познати рап песни ми понуди да слушнам некој негов инструментал и ако нешто ми се допадне да снимиме песна. За мене во тој момент беше големо изненадување бидејќи не размислував воопшто да снимам песна, а можеби и тоа едноставно гореше во мене и чекаше нешто да го разгори. И нормално бев отворена да пробам. Зедов, напишав песна, но не ја снимивме заедно и никогаш не ја издадов. Но, со неа го отворив мојот прв соло концерт во КСП „Јадро“. И затоа многу пати викам „Рапот ме избра мене“, како што вели Смоке, па осетив дека рапот е местото што ми дава да споделам, да се прифатам. Со секоја песна да откривам нов дел од себе, со некоја и да излечам дел од себе, а со сето тоа и да инспирирам. Едноставно сакам тоа што го добивам од музиката, да ѝ го вратам на публиката.

Која е врската помеѓу рап-лириката и создавањето на себе во твоите песни?

– Не со секоја песна се создавам себе. Обично кога пишувам текстови, го правам тоа на начин каде што на битовите се „лечам со пишување на песна“ (референца на стих од „3ti Svetski Rap“) и сега моментално се фокусирам на пишување текстови кои не зрачат „лечење“ туку повеќе мир и благосостојба (се смее, н.з.) затоа што така сакам да се чувствувам во моментов. Зборовите се нели, манифестација. Добро е да се пишува за тоа што сака да се манифестира. Музиката, исто како и ние, поминува низ трансформации и преродби и поминува низ циклуси, така и мојот концепт на пишување на песни проаѓа низ истите. Не можам да кажам дека со секоја песна се создавам себеси.

Не можам да го избегнам ова прашање, а не сакам да го поставам со еуфемизми. Колку се присутни жените во хип хоп културата кај нас и дали се опасно ретки?

– Па за разлика од пред неколку години кога немаше ниту едно женско кое се задржало на сцената, иако се појавувале, сега има неколку девојки за кои знам, но никоја не снима бум-бап рап. Ако ме прашуваш за девојки кои снимаат бум бап рап, тогаш да. Опасно сум ретка (се смее, н.з.) ама убаво би било и некоја да ми се придружи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bibbych ♌ (@bibbych)

Имаш издадено неколку песни и скоро имаше концерт, по ваква година зад тебе, што може да очекуваме од Бибич? Каде ќе те однесе патот?

– Интересно е што дури и јас не знам што да очекувам од себе, оти го следам протокот на енергија. Најубаво би било ништо да не очекувате бидејќи кога очекува човек може лесно и да се разочара. Не дека ќе ве разочарам, туку вака повеќе ќе се радувате кога ќе ве изненадам.

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....