15:35 - 4 ноември, 2026

(Фото) Тамара Тодевска и Лука Радовиќ за првпат во улога на кумови — во елегантни изданија блеснаа на свадбена прослава

Македонската пејачка Тамара Тодевска и Лука Радовиќ за првпат заедно ја добија честа да бидат кумови на свадба, а судејќи по фотографиите, двајцата одлично се забавувале на прославата.

Лука на социјалните мрежи сподели албум со фотографии од свадбата, откривајќи дел од атмосферата, но и нивните елегантни модни изданија.

„Кум и кума по првпат!“, напиша тој покрај фотографиите.

Фото: Социјални мрежи

За свечената пригода, Тамара избра долг сатенски фустан во нежна розово-виолетова нијанса, со висок околувратник и крој што ја следи линијата на телото. Косата ја носеше собрана во елегантна пунџа, а изгледот го надополни со впечатливи обетки.

Лука, пак, се одлучи за класичен црн смокинг, кој го искомбинира со бела кошула и пеперутка-вратоврска.

Фото: Социјални мрежи

Во меѓувреме, Тамара се подготвува за својот голем концерт, кој е закажан за 7 декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....