21:13 - 5 ноември, 2026

(Фото) Српската манекенка која имаше 60 отсто изгореници на телото од страшната несреќа, сега го покажа лицето со модринки

Манекенката Јована Ѓорѓевиќ, сопруга на поранешниот српски фудбалски репрезентативец Филип Ѓорѓевиќ, се соочила со непријатни последици од естетскиот третман за кој сега јавно проговори.

Јована објавила фотографија на својот инстаграм-профил без шминка, на која се гледаат темни кругови и промени на кожата на лицето. Со фотографијата споделила и видео направено веднаш по интервенцијата, на кое може да се види дека подрачјата под очите ѝ биле отечени и покриени со модринки.

Како што објаснила, таа била на третман што вклучува инјектирање на одредени супстанции, но закрепнувањето било многу потешко отколку што очекувала. Модринките траеле речиси еден месец, а по нив се појавила хиперпигментација, поради што побарала совет од своите придружници.

– Неодамна бев на третман со инјекции што ме остави навистина лоши модринки под очите, а тоа траеше речиси еден месец. За жал, модринките сега оставија хиперпигментација зад себе. Дали некој знае како можам да се ослободам од ова? – се пожалила Јована.

Нејзината објава покренала разговор за можните последици од естетските процедури, а нејзините следбеници во коментарите ги споделиле своите искуства.

Меѓутоа, ова не е првпат Јована да се соочи со големи предизвици кога станува збор за нејзиниот изглед и здравје. Нејзиниот живот беше обележан со сериозна несреќа во 2012 година, во која се здоби со изгореници на дури 60 отсто од телото.

Лекарите тогаш се бореле за нејзиниот живот, а на нејзините родители им рекле да се подготват за најлошото. Поради тешката состојба ѝ откажувале бубрезите и белите дробови, а постоела и голема опасност од инфекции.


Јована претходно зборувала за тој период во поткастот „Зошто толку сериозно“, потсетувајќи се колку тешко ѝ било да ги прифати промените што следеле по излегувањето од болница.

– Во 2012 година кога ја имав несреќата добив изгореници на 60 отсто од моето тело, тогаш мојот изглед и самодоверба се променија. Сега не ми е жал, да не се случеше тоа, веројатно немаше да го запознаам Филип и да имам три деца. Едвај ја преживеав таа несреќа. Бубрезите и белите дробови ми откажуваа, имав висок ризик од инфекции. Тоа беше првото нешто што докторката им го рекла на моите родители: „Подгответе се за најлошото бидејќи веројатноста вашата ќерка да го преживее ова е навистина мала“. Кога излегов од болница, тоа имаше голема тежина бидејќи сфатив дека сум премногу фокусирана на работи што нема да ме однесат никаде, многу се оптоварував со изгледот. Единствениот период кога имав криза на идентитетот беше кога се вратив од болница, дојдов дома без коса, 10 килограми помалку и виолетова кожа – рекла Јована низ солзи во поткастот и додаде:

– Тешко ми е и денес да зборувам за тоа. Не можев да се идентификувам со личноста што ја гледам во огледалото. Тоа е ужасна работа што може или да ве скрши или да ве направи посилни.

 

Слични објави

(Фото) Убавата Србинка се омажи за милијадер од Блискиот Исток, па ја напушти Сремска Митровица: Аника го маѓепса Египет со проѕирниот фустан со кристали

К. А.

(Фото) Цеце Николова во впечатливо црно издание на свадба — Лоба ѝ порача дека е „вистински феникс“

К.С.

(Видео) Ќерката на Гоца Тржан го украде вниманието на концертот на мајка си: Лена воодушеви со модната комбинација

apostolova

(Фото) Стефан Лазаров ужива во татковството — нежни моменти со малиот Лука во новиот семеен дом

К.С.

Сека Алексиќ сака да ги донира своите јајце-клетки, но и да посвои дете: „Тоа е врв на хуманоста!“

Еспресо

„Знаењето ве прави добар лекар, но човечноста лекар на кого пациентите му веруваат“: приказната за амбицијата, посветеноста и човечноста на д-р Марио Јакимовски, специјализант на Клиниката за хематологија

Еспресо
Се вчитува....