Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, своевремено имал дури 163 килограми, но со редовно вежбање и промена на начинот на исхрана успеа да направи голема физичка трансформација.
Сега на социјалните мрежи објави фотографија од периодот кога се борел со вишокот килограми и покажа како изгледал тогаш.
На фотографијата што ја објави, позира со својата мајка, пејачката Лепа Брена, на плажа, пред палми. Виктор тогаш имал значително повеќе килограми отколку денес, а неговата состојба многу ја загрижувала мајка му.

Брена во едно од своите претходни интервјуа отворено зборувала за борбата на синот со килограмите и признала колку тешко ѝ паѓало тоа што тој не успевал да ја контролира телесната тежина.
„Боба и јас постојано организиравме вечери уште додека децата беа мали и затоа Виктор стигна до 163 килограми. Многу страдав поради тоа! Толку ми беше тешко што плачев“, признала пејачката, а потоа додала:
„Секогаш кога ќе го погледнев, ми застануваше кнедла во грлото, а имаше само 20 години. Се плашев да не добие дијабетес“.
Виктор за време на процесот на слабеење редовно ги информираше своите следбеници за резултатите. Така, во една прилика на Инстаграм објави фотографија на која го споредил својот изглед од 2017 и 2019 година.
