20:58 - 5 ноември, 2026

(Фото) Убавата Србинка се омажи за милијадер од Блискиот Исток, па ја напушти Сремска Митровица: Аника го маѓепса Египет со проѕирниот фустан со кристали

Аника Божиќ се смета за една од најбогатите Србинки, а јавноста ѝ е позната и како „арапска принцеза“ – прекар што го следи нејзиниот луксузен начин на живот. Неодамна привлече внимание со модно издание на Филмскиот фестивал во Ел Гуна, на брегот на Црвеното Море во Египет. Оваа земја ѝ е добро позната, бидејќи живее на релација Каиро-Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)


Порано се пишуваше дека Аника Божиќ најчесто ги поминува летата во Египет, а Филмскиот фестивал во Ел Гуна бил повод таа да дојде во оваа африканска земја и во текот на есента. За појавувањето на црвениот тепих Аника избрала долг фустан од тил со качулка. Проѕирната тоалетна  е украсена со кристали, кои дискретно ја ублажуваат смелоста на кројот и на целото издание му даваат на дополнителна доза на гламур. Убавата Аника под проѕирниот фустан носела боди во боја на кожа. Меѓутоа, на Инстаграм таа покажала посмела верзија од ова издание, позирајќи во истиот фустан, но со попредизвикувачка долна облека.

Стајлингот го комплетирала со метален ѓердан со две срца, додека очите ги нагласила со шминка, а за усните избрала кармин во неутрална нијанса. Фризурата била прилагодена на кројот на фустанот и качулката, но иако поголем дел бил покриена со тилот, сепак дошла до израз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)


За гала настани, Аника Божиќ најчесто ги избира токму овие изданија – луксузни, скапи и впечатливи. Модата зазема важно место во животот на оваа манекенка и инфлуенсерка, а нејзините стајлинзи се само дел од раскошот што го прикажува преку својот животен стил „долче вита“.

Аника Божиќ денес живее помеѓу Франција и Египет. Родена е во Сремска Митровица и пораснала во Белград, каде што дипломирала на Факултетот за политички науки. Таа го продолжила своето образование во Париз, каде што завршила и постдипломски студии.

Таа е во брак со палестинскиот бизнисмен Јусуф ал-Сарај, со кого има син, Омар. Таа го додала презимето на својот сопруг кон своето презиме, па се претставува како Аника Божиќ Ал-Сарај.

Иако се претпоставува дека семејството на „арапската принцеза“ има голем број луксузни имоти, најчесто споменуван во јавноста е стан во Париз и вила во Египет.

Самата Аника го дизајнирала ентериерот на луксузниот стан во центарот на француската престолнина. Покрај пространа дневна соба, трпезарија и спални соби со посебни бањи, станот има приватна тераса, градина и надворешен бар. Тие имаат на располагање и приватна гаража, како и посебни соби за персоналот кој се грижи за домаќинството.

Луксузна вила покрај морето во Египет е вистинска оаза за Аника и нејзиното семејство. Ентериерот го дизајнирала нејзината свекрва, која се занимава со дизајн на ентериер. Вилата има пространа дневна соба за прием на гости, неколку апартмани и богата библиотека, која моделот ја дополнува со нови и вредни публикации низ годините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)


Прекарот „принцеза“ ја следи Аника со години, а приказната за нејзиниот живот, покрај материјалното богатство, е заокружена со мајчинство и семејна хармонија. Таа го штити својот брак од скандали и го посветува своето внимание на своето семејство, во кое, судејќи според нејзините изјави, наоѓа најголемо задоволство.

Нејзиниот сопруг потекнува од угледно и богато палестинско семејство, чии членови држеле високи државни позиции и имале влијание во политичките кругови на Блискиот Исток.

Иако е од палестинско потекло, Јусуф никогаш не живеел во Палестина. Тој пораснал во Канада, каде што го поминал поголемиот дел од својот живот, па затоа Аника често истакнува дека нејзиниот сопруг е всушност Канаѓанец по менталитет и пасош.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)

Слични објави

(Фото) Цеце Николова во впечатливо црно издание на свадба — Лоба ѝ порача дека е „вистински феникс“

К.С.

(Видео) Ќерката на Гоца Тржан го украде вниманието на концертот на мајка си: Лена воодушеви со модната комбинација

apostolova

(Фото) Стефан Лазаров ужива во татковството — нежни моменти со малиот Лука во новиот семеен дом

К.С.

Сека Алексиќ сака да ги донира своите јајце-клетки, но и да посвои дете: „Тоа е врв на хуманоста!“

Еспресо

„Знаењето ве прави добар лекар, но човечноста лекар на кого пациентите му веруваат“: приказната за амбицијата, посветеноста и човечноста на д-р Марио Јакимовски, специјализант на Клиниката за хематологија

Еспресо

Слоба Радановиќ доби навредлив коментар, па веднаш возврати: „Не си ти за оваа музика!“

Еспресо
Се вчитува....