Оливера Балашевиќ, сопругата на познатиот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, со најновата објава на својот инстаграм-профил ги загрижи своите следбеници.
Имено, Оливера објави неколку фотографии на кои лицето ѝ е целосно потечено, но веднаш ја откри и причината.
Како што напишала, таа имала интервенција на забите, па големиот оток е составен дел од нејзиното закрепнување.
„Пред да ме спомнат со своите злонамерни претпоставки, да знаете имав интервенција на забите која знае вака да помине и со ваков оток“, напишала Оливера.
Таа потоа објави фотографија со внуката на која напиша:
„А единствената која ќе ме погледне на ист начин и ќе разбере е онаа која деновиве е почесто во прегратките на мајка си поради нејзините заби што излегуваат“, додала Оливера.