06:29 - 10 ноември, 2026

Позната бразилска инфлуенсерка почина на 29 години по компликации од липосукција на колено

Познатата бразилска манекенка и инфлуенсерка Луана Андраде почина на 29 години по компликации од липосукција на коленото.

Како што пренесува „Дејли мејл“, младата девојка починала во болница во Сао Паоло, а процедурата ја извршил приватен лекар ангажиран од нејзиното семејство.

Во соопштението на болницата „Сао Луиз“ е наведено дека манекенката само два и пол часа по операцијата доживеала срцев удар.

Луана беше прогласена за мртва во вторникот, а како официјална причина за нејзината тргаична смрт беше наведена белодробна емболија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luana Andrade (@luandradel)

По нејзината смрт на Инстаграм се огласи и нејзиното момче Жао Хадад.

„Раскинат сум и го живеам мојот најлош кошмар. Дел од мене ме остави сам. Изградивме убава приказна и интензивно ги живеевме нашите соништа. Покрај тоа што беше моја девојка, ти си и секогаш ќе бидеш мој партнер надвор од овој живот, љубов моја… Ти си мојата светлина, принцезо. Те молам продолжи да се грижиш за мене и сите ние одозгора. Секогаш ќе те сакам, отсега до вечноста!“, напиша нејзиното момче.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....