1.8 C
Скопје
03:01 - 27 октомври, 2026

(Фото) „Скопје ме лекува, треба да се препише на рецепт“: Нина Бадриќ се расплака сосе публиката во Филхармонија

Хрватската пејачка Нина Бадриќ синоќа во преполната сала на Македонската филхармонија одржа концерт кој долго ќе се прераскажува. Хрватската поп дива целосно ѝ се предаде на публиката, трогната од огромната љубов и емоциите во текот на целиот концерт. Нина дури и се расплака при крајот на концертот, понесена од атмосферата, слушајќи ја публиката како во еден глас со неа ги пее нејзините песни.

Пејачка со моќен вокал, грациозна на сцена, притоа со ретка смисла на хумор, со невидена аура, целосно предадена на публиката, ја сака и бескрајно ѝ е благодарна на возвратената љубов.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Во тој дух, Нина синоќа одржа концерт од светски рамки во Македонската филхармонија во Скопје. Облечена во црна долга тоалета, со која, како што рече, му оддава почит на овој храм на музиката, придружена од својот бенд, со интерпретацијата на песните „скрши“, но и „излекува“ многу срца во публиката, ја донесе до солзи, но и таа самата се расплака, понесена од возвратените емоции и љубов од присутните.

Концертот го започна со евергринот „Дани и године“, за да продолжи со своите стари хитови, но и нови песни. Секако, неизбежно беше да се испее и една песна од легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ, прочуената „Скалинада“, за кого што рече, каде и да оди да настапува, насекаде го „носи“ Оливер со себе.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Видно понесена од емоциите на публиката која на нозе во глас ги пееше песните со неа, Нина во еден момент им се обрати на присутните:

„Скопје треба да се препише на рецепт. Вашата љубов ме лекува, поради неа сум жива.“

И продолжи да ги реди веќе добро познатите хитови како што се „Такви као ти“, „Рекао си“, „Додири од стакла“, дуетот што го сними со својот колега и голем пријател Петар Грашо „Немој“… Инаку, Нина со Масимо Савиќ во 2004 година сними обработка на песната „Странец во ноќта“ (Stranac u noći) за неговиот албум „Вјештина“, со која синоќа ја почести и македонската публика…

Фото: Слободан Ѓуриќ

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....