18:43 - 10 ноември, 2026

(Фото) Скандал Србија-Косово на СП поради знамето во соблекувалната на репрезентацијата на Србија: Косово веќе се пожали во ФИФА

Српската репрезентација по поразот од Бразил (0:2) предизвика скандал поради знамето во соблекувалната на тимот.

На знамето е прикажана мапа каде Косово е вклучено во Србија, а слоганот гласи: „Не се откажувај“. Знамето висело над дресовите на дефанзивецот на Вердер, Милош Вељковиќ и напаѓачот на ПАОК, Андрија Живковиќ.

Појавата на знамето веднаш предизвика реакција на Косово, каде локалните власти со жалба апелираа до ФИФА. Косово се приклучи на ФИФА и УЕФА во 2016 година и како членка на организациите бара постапка против репрезентацијата на Србија.

„Ваквиот шовинистички чин нема место на спортските настани, а уште повеќе на местата каде што се случува најголемиот фудбалски настан во светот. Неприфатливо е овој чин да се премолчи. Силно бараме ФИФА строго да ги спроведе своите правила и да ја казни Српската фудбалска федерација за овој агресивен чин, кој е спротивен на вредностите што ги емитува фудбалот“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Косово.

Косовскиот министер за спорт Хајрула Чеку веќе јавно го осуди случајот со знамето во српската соблекувална, и ја повика ФИФА да дејствува.
„Срамни слики од српската соблекувална на кои се прикажуваат омраза, ксенофобични и геноцидни пораки против Косово додека се користи Светското првенство. Очекуваме конкретни активности од ФИФА, со оглед на тоа што ФФК е полноправна членка на ФИФА и УЕФА“, рече Чеку.

ФИФА се уште не реагирала на инцидентот.

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.
Се вчитува....