09:56 - 26 ноември, 2026

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ шокираше со постапката: Марко со еден гест му испрати јасна порака на својот татко Тони

Во јавноста со денови се зборува за разводот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, а сега потегот на нивниот син изненади многумина.

Имено, би се рекло дека Марко Бијелиќ решил да ја поддржи мајка си и да застане на нејзина страна, со оглед на тоа што го тргнал својот татко од својот инстаграм-профил.

Тони сè уште ги следи Марко и Мануела на социјалните мрежи, додека неодамна ја одследи својата наскоро поранешна сопруга.

Она што е особено збунувачки во односот меѓу таткото и синот е фактот што тие заедно се појавија на концертот на Драгана Мирковиќ во белградската Арена, кој таа го одржа во февруари, па дури и позираа заедно прегрнати.

Инаку, Марко и Мануела не го коментираа јавно разводот на нивните родители, што беше и очекувано, со оглед на тоа дека двајцата се многу резервирани и не сакаат да се експонираат пред медиумите.

Слични објави

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Фото) Порториканката Џенифер Барето е новата Мис Универзум, а еве на кое место заврши мис Србија 

Еспресо

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Неда Украден ја откри точната сума на нејзината пензија: „Не носам пари на Кајманските Острови“

Еспресо
Се вчитува....