07:10 - 24 ноември, 2026

(Фото) Рита Ора како холивудска дива во Венеција: Во огромна бунда и проѕирен комбинезон

32-годишната британска пејачка Рита Ора покажа впечатлива модна комбинација на 80. Меѓународен филмски фестивал во Венеција.

твитер

Славната личност која малку остави на фантазијата со својот моден избор, беше фотографирана на глисер на пат кон филмскиот фестивал кој се одржува на Лидо.

Ора ја покажа својата фигура во црн мрежест комбинезон. Под комбинезонот јасно се гледаше црна долна облека, составена од горен дел со прерамки и гаќички со висок струк. Таа го комплетираше изгледот со предимензионирана бела бунда, чевли на платформа и предимензионирани црни очила за сонце. Пејачката се појави одлично расположена позирајќи пред папарацо фотографите.

твитер

Потсетуваме дека Меѓународниот филмски фестивал во Венеција е најстариот филмски фестивал во светот со 80-годишна традиција.

Фестивалот започна со премиерата на италијанскиот филм „Команданте“, во режија на Едоардо Де Анџелис, со фокус на Втората светска војна. Настанот ќе трае до 9 септември, а ќе кулминира со драмата на шпански јазик која ќе се прикажува на Нетфликс, The Snow Society.

Слични објави

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо

„Живеам на село и не ми е гајле за килограмите“: Индира Радиќ проговори за своето здравје и повлекувањето од сцената

Еспресо

(Фото+видео) Хрватската мис прошета на Мис Универзум во фустан направен од 200 старински миленца

Еспресо

„Ајде да ставиме крај и секој по својот пат“: Мустафа Сандал проговори за Емина Јаховиќ и разговорот што му го променил животот

Еспресо

„Имаме куќа и неколку станови“: Јована Јеремиќ и Тигaр открија каде ќе живеат по свадбата

Еспресо

(Видео) „Ми стоеја кнедли во грлото“: Бојана Скендеровски им посвети песна на децата без родителска грижа

Еспресо
Се вчитува....